Свети Димитриј — главна селска црква во кавадаречкото село Глишиќ.

Таа се наоѓа во самото село, сместена под Горното Маало. Околу нејзе се сместени и селските гробишта.

Историја

Старата црква била подигната во 1869 година.

Старата селска црква била срушена и за жал не е сочувано ништо од неа. Поранешната црква била напуштена и скоро пред распаѓање. Поради тоа дошло до нејзино обновување во периодот 1982-2014 година, но за жал не е ништо сочувано од старата црква.

Архитектура

По својата архитектурна форма, старата црква била еднокорабна, изградена и живописана во .

Црквата имала отворен трем од западната страна и дрвена таваница која била на распаѓање.

Фрескоживопис

Пред обновата на црквата, на северниот ѕид во наосот на црквата било насликано Второто пришествие Христово (Страшниот суд). На јужниот ѕид фреските биле пред распаѓање, а биле сочувани само ликовите на Св. Зосим, Марија Египќанка и Св. Игнатиј.

На иконостасот имало царски двери изработени во копаница со иконопис со следната содржина:

Во останатите делови во наосот и олтарниот простор фреските биле уништени. Денес, од гореспоменатите фрески нема ништо сочувано.

Галерија

Поврзано Глишиќ Повардарска епархија Кавадаречко архијерејско намесништво Маренска парохија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Глишиќ Глишиќ Категорија:Дела на Дебарската школа