Крушевска темјанушка () — вид цветно растение што му припаѓа на родот темјанушка и семејството темјанушки. Првпат го опишал Фроманек во 1900 година.

Потекло на името Се претпоставува дека Фроманек името на видот, slavikii, му го дал во чест на некој чешки ботаничар Славик, често чешко име. Македонското име „крушевска“ е дадено според местото каде што опстојува.

Опис Крушевската темјанушка претставува повеќегодишно тревесто растение со розетковиден раст и многу куси надземни гранчиња високи 1,5–6 см. Клучен дијагностички белег е шпората на цветот, која е изразено долга, помиеѓу 8 и 12 мм, и е лесно задебелена на врвот.

Живеалиште Овој планински ендемит вирее на варовнички камењари и планински пасишта во високопланинскиот појас.

Распространетост Крушевската темјанушка е местен македонски ендемит. Класичното наоѓалиште (locus classicus) се наоѓа во околината на Крушево (на потегот од Крушевско Брдо до месноста Слива).

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Темјанушка Категорија:Ендемска флора на Македонија