„Посмртно издание на записите на старецот Фјодор Кузмич (кој умрел на 20 јануари 1864 година во Сибир, близу Томск, на имотот на трговецот Хромов) “ — расказ на рускиот писател Лав Толстој.

Содржина Во 1836 година, во Сибир се појавува старецот Фјодор Кузмич, кој престојува таму цели 27 години а цело време за него се шират гласови дека тој е царот Александар Први. Фјодор е таинствен и не го открива своето потекло, што само ги подгрева озборувањата, но по неговата смрт се пронајдени неговите лични записи. Од нив се открива дека цели 47 годиини живеел празен и неморален живот, но еден ден, по веста за убиството на убавата и развратна жена Настасја, тој доживува препород. Истиот ден, тој излегува надвор и присуствува на казнувањето на војникот Струменски, кој неверојатно личи на него. Настанот длабоко го потресува и тој го посетува Струменски во болницата кој утредента умира. Тогаш, кај него се засилува желбата да го напушти царскиот живот и да замине некаде далеку. Затоа, тој се преправа дека е болен и во својата постела го подметнува мртвото тело на Струменски. Така, сите помислуваат дека царот умрел и го закопуваат Струменски, додека тој скита низ Сибир.Лав Николајевич Толстој, Хаџи Мурат и друге приповетке. Просвета - Рад, Београд, 1983, стр. 443-452. Таму, во декември 1849 година, 72-годишниот старец води дневник опишувајќи го својот живот: како царски син, за неговото воспитување се грижела баба му, царицата Катарина II, така што тој не чувствува љубов кон родителите, додека тие се воздржани кон него, плашејќи се дека ќе им го земе престолот. Во продолжение на дневникот, тој опишува бројни случки од неговото детство... .Лав Николајевич Толстој, Хаџи Мурат и друге приповетке. Просвета - Рад, Београд, 1983, стр. 453-467.

Наводи

Категорија:Дела на Лав Толстој Категорија:Руски раскази