Калинки (науч. Punica) — мал род на овошни листопадни грмушки или мали дрвја од семејството врболистови. Попознат вид е калинката (Punica granatum). Другиот вид, Punica protopunica е ендемски вид на островот Сокотра. Се разликува по тоа што има розови (не црвени) цветови и помали, помалку слатки плодови.

Иако Punica претходно била сместена во сопственото семејство Punicaceae, неодамнешните филогенетски студии покажале дека припаѓа на семејството врболистови и е класифицирана во тоа семејство според групата на филогенија на скришносеменици.

Името е изведено од латинскиот збор за калинка, , што значи „картагинско јаболко“.

Најстарите фосили од родот се од еоценот во Европа, при што родот бил широко распространет во Европа за време на миоценската епоха.

Опис Калинките се грмушки или ниски листопадни дрва. Листовите им се целокрајни, наспрамни, без прилисници. Цветовите се правилни и хермафродитни. Чашкините и венечните листови се во број од 5 до 7. Прашниците се во голем број. Плодникот е потцветен. Плодот е повеќезрнеста бобинка.

Постоечки видови СликаНаучно имеВообичаено имеРаспространетост120x120пксPunica granatum L.КалинкаИран до северна Индија120x120пксPunica protopunica Balf.Соктранска калинкаостровот Сокотра (Јемен)

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Флора на Македонија Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Овошни дрва Категорија:Врболистови Категорија:Калинка Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Јемен