Шармантниот идиот (француски: Une ravissante idiote) — француско-италијанска комедија од времето на Студената војна од 1964 година, режирана од Едуар Молинаро. Сценариото напишано од Франсоа Биледу и Андре Табе било базирано на истоимениот роман на Чарлс Ексбреја од 1962 година. Брижит Бардо и Ентони Перкинс ги играле главните ликови во француско-италијанската продукција.

Филмот бил издаден и како Агент 38-24-36 во Соединетите Држави.

Заплет Советски шпион (Перкинс) е на официјална мисија да добие чувствителни информации од НАТО за воена мобилизација. Непослушниот разузнавачки оперативец мора да се потпре на инстинктот на својата нова партнерка и љубовница Пенелопе Лајтфедер (Бардо) додека талкаат низ селата, избегнувајќи ги контраразузнавачките агенти и недоверливите комунистички оперативци.

Улоги

Брижит Бардо како Пенелопе Лајтфедер Ентони Перкинс како Хари Комптон / Николас Маукулин Грегоар Аслан како Багда Жан-Марк Тенберг како Картрајт Ханс Вернер како Фарингтон Жак Моно како хирург

Продукција Филмот бил снимен во Лондон и во француската провинција. Продукцијата била засегната три дена откако Перкинс се здобил со повреда на глуждот додека снимале сцени на брканица низ шумата со Бардо.

Бидејќи течно зборувал француски, ова е една од неколкуте улоги на француски јазик што Перкинс ги презел.

Рецензии Списанието Варајати го нарекол филмот „нерамномерен“.

Библиографија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Филмови од 1964 година Категорија:Краток опис различен од Википодатоците Категорија:Статии со краток опис Категорија:Француски филмови Категорија:Италијански филмови Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Лондон Категорија:Комични филмови Категорија:Филмови со Брижит Бардо