Коу Финч Остин ( – ) – едукатор, ботаничар и основачки член на Торискиот ботанички клуб. Тој бил експерт по бриологија и џигерници од Северна Америка.
Живот Остин е роден во Финчвил, округ Оринџ, Њујорк, како второ од десет деца на земјоделците Џејмс К. Остин и Елизабет (Кортрајт) Остин. Тој посетувал државно училиште кога бил млад, но работел и на семејната фарма. Неговиот интерес за растителниот свет се појавил уште на рана возраст и бил постојан придружник на неговата мајка во нејзината цветна градина.
Во раните 1850-ти, Остин го посетувал класичното училиште „Ранкин“ во округот Сасекс, Њу Џерси, каде што се посветил на изучување на ботаниката благодарение на влијанието на г-ѓа Ранкин, која била позната ботаничарка во тоа време. Во овој период тој развил посебна страст кон мововите и лишаите. Остин продолжил да развива меѓународно признати вештини за именување и идентификување на бриофити.
Како млад човек, Остин работел како учител во Тапан, Њујорк, каде што ја запознал и се оженил со Хана Кембел, ќерка на земјоделец од Њу Џерси. Но, токму преку неговото запознавање со Џон Тори, тој обезбедил позиција како кустос на Хербариумот на Колумбискиот колеџ од 1859 до 1863 година. Во 1870 година, тој го објавил своето најпознато дело, Musci appalachiani, кое ги опишува мововите од источниот дел на Соединетите Американски Држави. Исто така истата година објавил и дистрибуирал еxsiccata од Musci appalachiani, насловено Етикети за примероци од мовови, главно собрани во источниот дел на Северна Америка од К. Ф. Остин, проследени со две други еxsiccata на хербариумски примероци.
Починал во Клостер, Њу Џерси, каде што го поминал поголемиот дел од својот живот. Тој зад себе ги оставил сопругата, еден син, пет ќерки и неговите родители.
Наследство Родот Austinia бил именуван во негова чест.
Наводи
Надворешни врски
Дела од или за Коу Финч Остин на Интернет архивата Дела од К. Ф. Остин на Библиотеката за биодиверзитетно наследство. Внес за К. Ф. Остин на TL2 (Таксономска литература 2). Категорија:Ботаничари со авторски кратенки Категорија:Починати во 1880 година Категорија:Родени во 1831 година Категорија:Статии со hCards Категорија:Ботаничари со авторски кратенки Категорија:Американски ботаничари Категорија:Бриолози