1298 () — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1298 година од новата ера, 298. од вториот милениум, 98. од XIII век и деветта од 1290-тите.
Други календари Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6806 и 6807 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6048 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5058 и 5059 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2051.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт Цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот Цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1298 година се протега во 3934 и 3935, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3994 и 3995 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1841. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 697 и 698 исламска година.
Настани По област Азија Јули - Го-Фушими го наследува Фушими на престолот на Јапонија.
Европа 20 април - Евреите во Ретинген се изгорени на клада масовно; други еврејски заедници се уништени подоцна во текот на годината. 1 јуни - Битка кај Тураида: Жителите на Рига го поразуваат Ливонскиот ред. 2 јули - Битката кај Гелхајм: Албрехт I Хабсбуршки го поразува и убива Адолф Германски. 22 јули - Битка кај Фолкерк: Едвард I поразува шкотска армија предводена од Вилијам Волас . 9 септември - Битката кај Курцола: Џеновската флота ги поразува Венецијанците. Марко Поло е еден од затворениците, а додека е во затвор во Џенова, започнува да го диктира неговото дело за патешествијата кои ги поминал. Странските кредитори на Сиене започнуваат да ги бараат своите депозити назад, со што ја забрзуваат кризата со ликвидноста со која се соочува фирмата. Рудолф I станува војвода од Саксонија. Рудолф I станува војвода на Австрија и Штаерска. Изградена е црквата „Св. Богородица“ во Нојбранденбург. Изградена е црквата „Св. Никола“ во Варош. Узедом добива градски права.
Родени 12 декември - Албрехт II, војвода на Австрија (п. 1358) непозната дата Карло, војвода од Калабрија (п. 1328) Елизабета Сицилиска, кралица на Сицилија (по 1347) [Ибн Јузаиј], андалусиски исламски научник (п. 1340) веројатно - Вилијам Ирвин, шкотски војник
Починале мини|Елеонора, грофица од Бар 2 јануари - Лодомер, унгарски архиепископ 11 јуни - Јоланда Полска, унгарска принцеза (р. 1235) 2 јули - Крал Адолф Германски (р. 1255) 22 јули - Сер Џон де Греам, шкотски војник 23 јули - Крал Торос III Ерменски (р. 1271) 29 август - Елеонора, грофица од Бар (р. 1269) 11 септември - Филип Артоа, француски војник (р. 1269) 29 септември - Гвидо да Монтефелтро, италијански воен стратег (р. 1223) 31 декември - Хемфри де Бохун, англиски војник (р. 1249)
Наводи
Надворешни врски
91298