Доминик Клос (25 мај 1821, Сорез - 19 август 1908) бил француски лекар и ботаничар.
Студирал медицина и науки во Тулуз и Париз, стекнувајќи се со медицинска диплома во 1845 година, а докторирал на природни науки во 1848 година. Во 1853 година го наследил Алфред Мокен-Тандон како професор по ботаника на Универзитетот во Тулуз, задржувајќи ја оваа позиција до неговото пензионирање во 1889 година. Во Тулуз, дал голем придонес во неговата ботаничка градина и хербариум. Од 1881 до 1908 година, бил дописен член на Академијата на науките.
Бил автор на бројни дела за дескриптивна ботаника, растителна тератологија, фитогеографија и земјоделска ботаника. Како таксоном опишал многу видови од различни растителни семејства. Таксони со специфичниот епитет closianus се именувани во негова чест, пример е Astragalus closianus.
Делумна библиографија
Проучување на течностите кај растенијата и нивно споредување со оние кај животните, Монпелје, (мај 1851). Прво предавање одржано на Факултетот за науки во Тулуз, на 25 мај 1853 година, по повод отворањето на курсот по ботаника, Тулуз : имприз. де Бонал и Гибрак, (1853). Збирка набљудувања од растителната тератологија, Тулуз : печатница „Дуладур фрер“, (1859). Размислувања за семињата разгледувани од земјоделски аспект, Тулуз: печатница „Дуладур фрер“, (1859). Осврт на вегетацијата во северниот дел на департманот Од,Бордо : Издавачка куќа Лафарг, (1863). Осврт на принципите што служат како основа на современите ботанички класификации, Тулуз: печатница „Дуладур“, (1869). Цветниот полиморфизам и фитографијата, Париз: Секретаријат на здружението, (1893). Лажната козолецка — фуражно растение, Париз: седиште на Националното друштво за аклиматизација на Франција, (1895). Наводи
Категорија:Починати во 1908 година Категорија:Родени во 1821 година Категорија:Статии со hCards Категорија:Ботаничари со авторски кратенки Категорија:Француски ботаничари