„Мртва природа со јапонски дрвопис“ — слика мртва природа од 1889 година, дело на францускиот уметник Пол Гоген. Денес е дел од збирката на Музејот на современа уметност во Техеран, Иран.
Историја Во 1888 и 1889 година се појавил ентузијазам кај Гоген за јапонските дрвописи укијо-е. Јапонски графики се појавиле во заднината на неговата слика „Јаболко и вазна“, неговиот портрет Семејството Шифенекер, а исто така и во „Мртва природа со јапонски дрвопис“, која прикажува портрет на глумец во укијо-е техника.
Сликата порано била во сопственост на Јозеф Розенсафт, кој го преживеал холокаустот и ја водел заедницата на еврејски раселени лица. Тој починал во септември 1975 година, оставајќи импозантна уметничка збирка која морало да биде продадена за да се намират долговите поврзани со стекнувањето на уметничките дела и, според некои извештаи, со неговиот екстравагантен начин на живот. На продажбата во 1976 година, организирана од куќата „Сотбис“, збирката била целосно откупена од Музејот на современа уметност во Техеран, каде што се наоѓа и денес и е една од најстарите слики во збирката на музејот."Iran Has Been Hiding One of the World’s Great Collections of Modern Art". Bloomberg Businessweek. Retrieved December 13, 2015. Оваа продажба поставила тогашен рекорд за „Мртва природа со јапонски дрвопис“ од 1,4 милиони долари, а делото денес се проценува на 45 милиони долари.
Кога со музејот управувал Махмуд Шалуи, Националната галерија на уметност во Вашингтон и „Тејт Модерн“ во Лондон се обиделе да ја позајмат сликата, но нивните барања биле одбиени.
Наводи
Категорија:Слики од Пол Гоген Категорија:Уметнички слики од 1889 година Категорија:Слики во Музејот на современа уметност во Техеран