Salix caprea е вообичаен вид врба по потекло од Европа и западна и централна Азија.

Опис Тоа е листопадна грмушка или мало дрво, која достигнува висина од 8-10 метри, ретко над 20 м, при што највисокиот примерок е висок 26,2 м. метри висок, во Националниот парк Нууксио во Финска.

Листовите се 3-12 см долги и од 2,5–8 см широк, поширок од повеќето други врби, мат зелени и малку влакнести одозгора, сиви и влакнести одоздола.

Цветовите се меки свиленкасти и сребрени ресички долги 3-7 см,кои цветаат во рана пролет пред да се појават новите лисја; машките и женските ресички се на различни растенија (дводомни). Машките реси созреваат во жолта боја при испуштање на поленот, а женските реси созреваат во бледо зелена боја.

Плодот е мала капсула од 5-10 mm долга, што содржи бројни ситни семки вградени во тенки, памучни влакна. Семките се многу мали (околу 0,2 мм) со фините влакненца кои помагаат во расејувањето. За да ртат потребно им е гола почва.

Наводи

Надворешни врски

Salix caprea - генетски единици за конзервација Европска програма за шумски генетски ресурси (EUFORGEN)

Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Флора на Украина Категорија:Врба Категорија:CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори Категорија:Страници со повеќеделни слики во автоматски размер Категорија:Незагрозени видови според МСЗП Категорија:Флора на Македонија