</div> 280px|мини|десно|Карта на манастирите во Света Гора Света Гора (), офиц. Автономна Монашка Држава Света Гора () — третиот крак на полуостровот Халкидик во Егејска Македонија. Тоа е автономна област на третиот крак од полуостровот Халкидик во Егејска Македонија, денес во Грција. Претставува еден од најзначајните православни центри во светот. Света Гора или Атос () воедно е име и на познатата планина Света Гора на полуостровот по која е наречена монашката држава. Во областа се сместени на 20 православни манастири и поголем број скитови, во рамките на автономна држава под грчки суверенитет. Само на монасите им е дозволено да живеат на Света Гора, и моментално на неа живеат околу 2.000 монаси. Полуостровот, како дел од поголемиот полуостров е долг 60 км, а широк 7-12 км и има површина од 390 км2.
Легенда
Според една легенда, Пресвета Богородица пловела заедно со Свети Јован Богослов кон Јопа во Кипар, во посета на Свети Лазар. Кога бродот со кои пловеле бил истуркан од бурата надвор од курсот, на тогаш паганската Света Гора, тие биле присилени да допрат во близина на пристаништето Климент, во близина на денешниот манастир Ивирон. Богородица излегла на брегот, и воодушевена од убавината на природата која ја видела таму, ја благословила и го замолила Господ да ја претвори во нејзина градина. Така според преданието се чул глас кој велел: „Ова место нека биде твое наследство и твоја градина, рај и небо на спасението за сите оние кои го бараат спасението!“ Од тој момент планината е посветена на Мајката Божја, како нејзина градина, во која не е дозволено да стапне ниту една друга жена.
Историја Карта на Општина Аристотел
Света Гора, како манастирска заедница формално била основана во 963 година, кога монахот Атанасиј го основал манастирот Велика Лавра, најголемиот и најзначајниот манастир до ден денес. Манастирот бил заштитен од византискиот цар во текот на следните векови. Четвртата крстоносна војна во XIII век донела нови, римокатолички владетели кои ги присилиле монасите да бараат заштита од папата Инокентиј III до обновувањето на Византија. Исто така, каталонски платеници во XIV век вршеле кражби на Света Гора.
Кога во XV век дошло до конечен крај на Византија, власта над Света Гора ја презела Османлиското Царство. Од самиот почеток тие наметнале огромни давачки на монасите, но не интервенирале на никаков политички начин. Бројот на монасите и нивното богатство опаѓало во следните векови, но во XIX век Света Гора повторно заживеала, преку поклоничките патувања и доаѓањето на монаси од другите православни земји, при што секоја од нив ја преземала грижата за дел од манастирите. По завршувањето на Првата балканска војна и протерувањето на Турците постоел конфликт помеѓу Русија и Грција околу суверенитетот, за подоцна и формално полуостровот да потпадне под грчка власт по завршувањето на Втората светска војна.
Според грчкиот Устав, планината Света Гора е политичка самоуправа која ја сочинуваат 20 главни манастири (кои од своја страна ја сочинуваат Светата заедница која управува со територијата), а главниот град и админстративниот центар, Кареја, е седиште на гувернерот како претставник на грчката власт. Духовно, Света Гора е под директна јурисдикција на Вселенскиот патријарх од Цариград. Покрај манастирите постоја уште и 12 скитови, помали монашки заедници, како и многу осамени монашки ќелии на целата територија на полуостровот. Сите личности кои го живеат манастирскиот подвиг на таа територија, стануваат грчки државјани без никакви формалности, по нивното монашење. Мирјаните можат да ја посетат Света Гора, но со посебна дозвола и благослов.
Ниту една жена нема пристап на Света Гора. Дури и животните женки се забранети (освен, како што велат, мачки и кокошки, од чии жолчки - јајца се прават боите кои се користат при иконописот).
Јазици лево|мини|299x299пкс|Карта со населени места на Света Гора Грчкиот јазик е во општа употреба во сите грчки манастири, но во некои манастири се говорат и други јазици; на пример, во Свети Пантелејмон се говори руски, во Хиландар - српски, во Зограф - бугарски, а во скитите Продрмос и Лаку романски. Голем дел од тамошните монаси говорат и англиски јазик.
Уметничко богатство
Светогорските манастири имаат богати ризници на средновековни богатства, како икони, литургиски одежди, крстови, путири, кодекси и други Христијански документи, свети мошти и друго. Во минатото не постоеле организирани студии и архивирање на богатството, но во скоро време Европската унија основа фонд кој започна со каталогизација, заштита и реставрација на ова богатство. Исто така, повеќето православни земји започнаа да се грижат за уметничкото богатство на своите манастири на Света Гора.
Дваесет манастири со самоуправа Според податоците од 2001 г. Света Гора имала 2.262 жители. Има 20 манастири.
Велика ЛавраМанастир ВатопедМанастир ИвиронМанастир ХиландарМанастир ДионисијатΜεγίστη ΛαύραΒατοπέδιΙβήρωνივერთა მონასტერიΧιλανδαρίουХиландарΔιονυσίουМанастир КутлумушМанастир ПантократорМанастир КсиропотамМанастир ЗографМанастир ДохијарΚουτλουμούσιΠαντοκράτοροςΞηροποτάμουΖωγράφουЗографΔοχειαρίουМанастир КаракалМанастир ФилотејМанастир СимонопетраМанастир Свети ПавлеМанастир СтавроникитаΚαρακάλλουΦιλοθέουΣίμωνος ΠέτραΑγίου ΠαύλουΣταυρονικήτα Манастир КсенофонтМанастир ГригоријатМанастир ЕсфигменСвети ПантелејмонМанастир КонстамонитΞενοφώντοςΟσίου ΓρηγορίουΕσφιγμένουΑγίου ΠαντελεήμονοςПантелеймоновΚωνσταμονίτου
Света Гора како тема во уметноста и во популарната култура Света Гора се јавува како тема во дела од уметноста и популарната култура, како: „Поздрав на Атос“ (Pozdrav Atosu) - песна на српскиот поет Миодраг Павловиќ.Miodrag Pavlović, Izabrane pesme. Beograd: Rad, 1979, стр. 110.
Надворешни врски
Официјално мрежно место Света Гора: Светата Планина - Историја, култура, географија. Пријатели на Светата Гора Виртуелна тура со 360° фотографии од Света Гора Open Directory Project: Света Гора - Врски за монашката република. Вселенска патријаршија во Цариград - Духовниот татко на републиката. Света Гора - Монашкиот живот (изложби) Монаштвото во третиот милениум
Поврзано Список на светско културно и природно наследство на УНЕСКО Света Гора (планина)
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Теократии Категорија:Егејска Македонија Категорија:Светско наследство во Грција Категорија:Специјални територии на Европската Унија Категорија:Полуострови во Егејска Македонија