Себу (себуански: Cebu) — покраина во регионот Централни Висаи на Филипините. Лежи источно од островот Негрос; западно од островот Лејте, а југоисточно се наоѓа покраината Бохол. Сместена е помеѓу 9°25'N и 11°15'N географска должина и помеѓу 123°13'E и 124°5'E географска ширина. Седиште е градот Себу.

Јазици и религија Себуанскиот е матичниот и домородниот јазик на Себу. Постојат преку 20 милиони говорници. Други позастапени се секако тагалски, англискиот, и бисајскиот.

Доминантна религија е католицизмот. Има и други како протестанти и сл.

Стопанство

Индикатори(2005): Инвестиции (US$ милиони) -- 4.983,60 Вкупен извоз (US$ милиони) -- 2.846,88 Вкупен увоз (US$ милиони) -- 3.127,16

Најзастапена индустрија: Електроника/ електронска опрема, компјутери, металургија, хемиска индустрија, прехранбена индустрија, текстилна индустрија, бродоградителство, и рударство.

Основен извоз: полусуровини, електронски компоненти, wire harness, дискетни единици, фото опрема, и др.

Финансиски системи: 50 Комерцијални банки; 27 Рурални банки; 9 Штединици; 5 Владини банкарски институции; 2 Оф-шор банки

Образование

Преку 1.000 приватни и јавни основни училишта 200 средни училишта 9 универзитети 29 колеџи 10 тренинг центри Просечно има 130.000 студенти.

Медиуми Број и вид на медиуми: 7 локални ТВ станици 3 кабелски оператори 20 FM & 13 AM радио станици Многубројни локални, национални и меѓународни весници

Административна поделба Себу е поделена на 9 градови и 44 општини.

Надворешни врски Службена страница на локалната управа Слики

Галерија

Категорија:Покраини на Филипините Категорија:Централни Висаи