мини|Географска распространетост на свази во ЈАР: дел од населението што говори свази во домот. мини|Географска распространетост на свази во ЈАР: густина на населението што говори свази во домот. Свазискиот (свати, сисвати; изворно: siSwati; ) е банту-јазик од групата на нгунски јазици што се говори во Есватини (порано Свазиленд) и ЈАР од народот Свази. Се смета дека има 3 милиони говорници и е присутен во образованието во Есватини и некои јужноафрикански училишта во подрачјето на Мпумаланга и Кангване. Свази е службен јазик во Есватини (заедно со англискиот) и еден од 11-те службени јазици на ЈАР.
Изворното име на јазикот е „свати“, но во светот јазикот е попознат по „свази“, неговото име на зулу. Јазикот е најсроден со „тугелскиот“ нгунски јазик пути, но е мошне близок и со „зундските“ нгунски јазици: зулу, јужен ндебеле, северен ндебеле и коса.
Дијалекти Свази во Есватини може да се подели на четири дијалекти, што одговара на четирите административни региони во земјата: хохо, лубомбо, манзини и шиселвени.
Јазикот има барем две варијанти: стандардниот, застапен на северниот, централниот и јужниот дел на земјата, и помалку престижната варијанта што се говори на останатите места.
Во најјужните делови од земјата, јазикот има значајни влијанија од зулу. Овој втор дијалект не се смета за вистински свази. Истото важи и за најголем дел од говорниците на свази во ЈАР (претежно во покраината Мпумаланга и во Совето) се сметаат дека говорат нестандарден јазик.
За разлика од варијантата на југот од Есватини, варијантата во Мпумаланга има помалку влијанија од зулу, па затоа се смета за поблиска до стандардниот свази. Меѓутоа, оваа варијанта се одликува со мошне различна интонација и тон, што звучи необично за стандардните говорници и се смета дека ова е влијание од другите околни јазици.
Стандардната престижна варијанта (во северен и централен Есватини) има карактеристичен бавен ритам со силно нагласување на зборовите.
Фонологија Согласки Su-I Chen and Gloria Malambe, Palatalization in SiSwati: An Optimality Theoretic Approach, in Maddieson & Hinnebusch (eds.), Language History and Linguistic Description in Africa (1998), стр. 138 УснениЗабниВенечниВенечнистраничниПреднонепчени(-венечни)ЗаднонепчениГласилниНосни Избувни Слеани Струјни Приближни Чкрапави
Граматика Именки Именката () се состои од два дела: претставка () и основа (). Според претставките, именките можат да се групираат во класи со свои редни броеви, за полесна споредба со другите банту-јазици.
На следнава табла се дадени именските класи, според паровите еднина-множина.
КласаЕднинаМножина1/2um(u)-1ba-, be-1a/2aØ-bo-3/4um(u)-1imi-5/6li-ema-7/8s(i)-2t(i)-29/10iN-3tiN-311/10lu-, lw-14bu-, b-, tj-15ku-
1 umu- го заменува um- пред едносложни основи, како на пр. umuntfu (човек).
2 s- и t- ги заменуваат si- и ti- пред основи што почнуваат на самогласка, како на пр. sandla/tandla (рака/раце).
3 Пополнувачот N во претставките iN- и tiN- за m, n или воопшто без буква.
Наводи
Надворешни врски
Свази - Ethnologue Свази - PanAfrican L10n
Категорија:Нгунски јазици Категорија:Јазици во Јужноафриканската Република Категорија:Јазици во Есватини Категорија:Јазици во Лесото Категорија:Јазици во Мозамбик