мини|десно|200п Пафос (, ) — крајбрежен град во југозападниот дел на Кипар. Во минатото неговите два дела биле нарекувани Стар Пафос и Нов Пафос. Во моментот, само новиот дел на градот е населен. Моменталното население на градот е 47 000 жители. Според митологијата Пафос бил родниот град на грчката божица на убавината и љубовта, Афродита. Во римско време, овој град ја претставувал престолнината на островот. Во него се зачувани многубројни рушевини кои датираат од времето на Древниот Рим. Во 1 век Апостол Павле на овие простори го ширел и проповедал христијанството. Пафос спаѓа под заштита на УНЕСКО.
Наводи
Поврзано: Список на светско културно и природно наследство на УНЕСКО Оваа статија поврзана со Списокот на светското културно и природно наследство на УНЕСКО е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја [ проширите].
Категорија:Светско наследство на Кипар Категорија:Градови во Кипар