Славеноспрски јазик (славяносербскій / slavjanoserbskij или словенскій / slovenskij) е форма на српскиот јазик, која најмногу била користена на крајот на 18 век и почетокот на 19 век од срското население во Војводина, во дијаспората и други делови на Хабсбуршката монархија.
Славеносрпски јазик првенствено бил литературен и писмен јазик, а не говорен јазик. Во тоа време, славеносрпскиот јазик бил под големо влијание на црковнословенскиот и од рускиот јазик.
Историја На почетокот на 18 век, литературен и писмен јазик кај Србите била српската рецензија на црковнословенскиот јазик, кој имал вековна традиција.Albin 1970, p. 484Ivić 1998, pp. 105–6 После големата српска преселба во 1690, многу Срби ги напуштиле османлиските територии и се населиле во јужните краеви на Кралството Унгарија во Хабсбуршката Монархија, највеќе на територијата на денешна Војводина. Православната црква на ова подрачје имала потреба од богослужбени книги, а српските училишта имале потреба од учебници. Хабсбуршкиот двор не им дозволувал на Србите да формираат свои печатници. Црквата и училиштата добиле голема помош во книги и учители од Руската империја. До средината на 18 век, српскословенскиот т.е. српската рецензија на црковнословенски во голема мера бил заменет со руско-словенскиот (руската рецензија на црковнословенски) како главен литературен јазик на Србите.Ivić 1998, pp. 116–19Paxton 1981, pp. 107–9
Во тоа време, лаиците станале побројни и позначајни од православните монаси и свештеници помеѓу српските писатели. Световните писатели сакале нивните дела да бидат поблиску до општата српска читателска публика, но во исто време, повеќето од нив го сметале црковнословенскиот за попрестижен и повозвишен од народниот српски јазик. На црковнословенскиот се гледало како продолжување на една античка традиција од прасловенскиот јазик. Писателите започнале да ги мешаат рускословенскиот, народниот српски, и руски јазик, што резултирало со создавање на славеносрпскиот јазик. Првата печатена книга на славеносрпски е од 1768, напишана од Захарије Орфелин. Пред тоа, Германско–Славеносрпски речник бил издаден во 1730те. Овој јазик станал доминантен во световната српска книжевност и публикациите во 1780те и 1790те.Ivić 1998, pp. 129–33 На почетокот на 19 век, бил жестоко критикуван од Вук Караџиќ и неговите следбеници, со чија реформа бил стандардизиран современиот српски јазик врз основа на народниот јазик.Albin 1970, pp. 489–91 Последното значајно дело на славеносрпски јазик било објавено во 1825 година.Ivić 1998, p. 194
Поврзано Црковнословенски јазик Руски јазик Српски јазик
Наводи
Библиографија
Категорија:Српски јазик Категорија:Мртви словенски јазици