Поволна позиција (англиски: Vantage Point) е акционен трилер за осум странци кои од осум различни перспективи се обидуваат да ја откријат вистината за обидот за атентат на претседателот на Америка. Филмот својата премиера ја дожива на 22 февруари 2008 год. а во главната улога се појавува Метју Фокс нам добро познат по улогата на Џек во серијата Изгубени.
Синопсис Двајца тајни агенти Томас Барнс и Кент Тејлор се задолжени да го заштитуваат претседателот на Америка, Ештон во текот на престојот во Шпанија на состанокот за глобалниот проблем – тероризмот. Но, штом ќе пристигне во Шпанија, нештата тргнуваат во погрешна насока. Меѓу луѓето што го следат говорот на претседателот е и Хауард Луис, американски турист кој го снима историскиот настан, за кога ќе пристигне дома да им го покаже на своите деца. Таму е и Рекс Брукс, телевизиска продуцентка, која известува за американската телевизија. Но, во текот на говорот се случува обид за атентат врз претседателот. Хауард им ја предава видеолентата на агентите, бидејќи е убеден дека случајно го снимил атентаторот што пука од покривот на соседната зграда.
Глумци ЛиковиДенис Квејд Томас БарнсМетју Фокс Кент ТејлорФорест Витакер Хауард ЛуисСигурни Вивер Рекс БруксВилијам Херт Претседател Хенри ЕштонЕдгар Рамирес ХавиерАјлет Зурер Вероника
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови од 2008 година Категорија:Филмови со Форест Витакер Категорија:Филмови со Вилијам Херт Категорија:Филмови со Денис Квејд Категорија:Филмови со Сигурни Вивер