Кралица е женски монарх кој владее над држава, додека царица е женски монарх кој владее над царство (империја). Машката верзија на кралица е крал. Меѓутоа, многу почесто во историјата, оваа титула е куртоазна наместо владејачка, и едноставно означува дека жената е сопруга на владетелот.
Историја Во древен Египет, Античка Персија, Азијиските и Пацифичните култури, и некои европски земји, на женските монарси им била доделена титулата крал. Византиската царица Ирина понекогаш себеси се нарекувала basileus (βασιλεύς) - "цар", отколку basilissa (βασίλισσα) - "царица“, и Јадвига од Полска била крунисана како Rex Poloniae - кралот на Полска.
Меѓу Давидските Монарси од Јудејското царство, се споменува само една кралица, Готолија, иако во Хебрејската Библија таа е негативно прикажана. Многу подоцна Хасмонејската кралица Салома Александра (Shlom Tzion) била многу популарна.
Наследството може да биде матрилинеално, патрилинеалното, или и двете. Правото на наследство можат да го имаат и мажите и жените, или да е ограничено само за мажите или само за жените.
Во 2011 година, Британскиот Комонвелт се согласи да го отстрани владеењето на патрилинеалното првородство.
Источна Азија Во Кина, Ву Зетиан станала кинеска царица и ја формира Џоу династијата по отпуштањето на нејзините синови. Треба да се напомене дека, сепак, царицата Ву ја користела титулата huangdi ("цар") што е спротивно на huanghou ("царица") и била често нарекувана, и во азиски и европски извори, женски император, а во еден била наречена царица. Слично на тоа, неколку децении порано во Кореја, кралиците Сеондеок од Сила и Јиндеок од Сила го развиле терминот yeowang ("женски крал") за себе наместо терминот hwanghu, што обично се преведувало како "кралица" и се однесувал на сопругата на кралот или царот.
Иако Хризантемскиот престол на Јапонија во моментов е забранет за жени, ова не било секогаш случајот; во текот на јапонската историја имало осум царици. Во Јапонскиот јазик се користи терминот josei tennō ("женски цар") наместо "царица", а терминот kōgō се користи за сопругата на царот.
Кралицата како тема во уметноста и во популарната култура Кралицата како тема во книжевноста „Сиромашната девојка која станала кралица“ – полска народна приказна.Пољске бајке. Београд: Народна књига, 1974, стр. 77-81. „За принцезата маѓепсана во змија“ – полска народна приказна.Пољске бајке. Београд: Народна књига, 1974, стр. 87-93. „За проколнатата принцеза“ – полска народна приказна.Пољске бајке. Београд: Народна књига, 1974, стр. 23-27. „Марцика и проколнатата принцеза“ - унгарска народна приказна.Мађарске бајке. Београд: Народња књига, 1974, стр. 92-97. „Портрет на инфантата“ - песна на рускиот поет Павел Антокољски.Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 185-187. „Вештерката“ — кус расказ на британската писателка Џоана Волш од 2015 година.Џоана Волш, Набави си муда: 9 и 1 / 2 бајки за секс. Скопје: Темплум, 2019, стр. 15-19. „Принцезата и пенисот“ — кус расказ на британската писателка Џоана Волш од 2015 година.Џоана Волш, Набави си муда: 9 и 1 / 2 бајки за секс. Скопје: Темплум, 2019, стр. 25-33. „Мртвата кралица“ - книга на францускиот писател Анри де Монтерлан. „Кралицата и шутот“ - кус расказ на ирскиот писател Вилијам Батлер Јејтс од 1901 година.Вилијам Батлер Јејтс, Келтскиот самрак. Скопје: Бегемот, 2014, стр. 129-133. „Принцезата Брамбила“ - роман на германскиот писател Е. Т. А. Хофман.Влада Урошевиќ, „Хофман - писателот што го открил клучот на фантастиката“, во: Е. Т. А. Хофман, Фантастични раскази. Скопје: Македонска книга 2002, 2002, стр. 182-183. „Принцеза“ - песна на полскиот поет Збигњев Херберт.Zbignjev Herbert, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 16.
Кралицата како тема во музиката „Павана за мртвата принцеза“ (француски: Pavane pour une infante defunte) - композиција на францускиот композитор Морис Равел.YouTUbe, Maurice Ravel - Pavane for Dead Princess (пристапено на 9.11.2017) „Тетоважите на кралицата“ (англиски: Queen's Tattoos) - песна на британската група Ацтек камера (Aztec Camera) од 1983 година.YouTube, Orchid Girl - Aztec Camera (пристапено на 21.12.2016) „Нејзиното височество“ (англиски: Her Majesty) - песна на британската поп-рок група Битлси од 1969 година.DISCOGS, The Beatles – Abbey Road (пристапено на 9.4.2020) „Кралица-Кучка“ (англиски: Queen Bitch) - песна на британскиот поп-рок-музичар Дејвид Боуви од 1971 година.YouTube, Queen Bitch - David Bowie (пристапено на 4.5.2017) „Кралицата и војникот“ (англиски: The Queen and the Soldier) - песна на американската поп-музичарка Сузан Вега (Suzanne Vega) од 1985 година.YouTube, The Queen and the Soldier ~ Suzanne Vega (Lyrics) (пристапено на 21.6.2017) „Господе, спаси ја кралицата“ (англиски: God Save the Queen) — песна на британската панк-рок група The Exploited од 1983 година.Discogs, The Exploited – Let's Start A War... ...Said Maggie One Day (пристапено на 7.10.2022) „Кралицата и помрачувањето“ (англиски: The Queen And The Eclipse) — композиција на британското електронско дуо The New London School Of Electronics од 1994 година.DISCOGS, The New London School Of Electronics* – The Deepest Cut (пристапено на 2.5.2025) „Господе, спаси ја кралицата“ (англиски: God Save the Queen) - песна на британската панк-рок група Секс пистолс (Sex Pistols).YouTube, Sex Pistols - God Save The Queen (пристапено на 21.12.2016) „Кралицата е мртва“ (англиски: The Queen is Dead) - песна од истоимениот албум на британската поп-рок група Смитс (The Smiths) од 1986 година.YouTube, The Smiths - The Queen is Dead (пристапено на 21.12.2016)The Smiths, The Queen Is Dead, KL-1738, Založba kaset in plošč, RTV Ljubljana. „Планетарна кралица“ (англиски: Planet Queen) - песна на британската рок-група Т. Рекс (T.Rex) од 1971 година.DISCOGS, T. Rex – Electric Warrior (пристапено на 8.3.2018) „Кралица“ - песна на македонската рок-група The John од 2012 година.The John, Waufvw!!!, PMG Recordings #76, 2012.
Кралицата како тема во сликарството „Хлебинската кралица под ѕвездите“ (Hlebinska kraljica pod zvijezdama) - слика на хрватскиот уметник Јосип Генералиќ од 1989 година.Središnja Hrvatska - Dvori s pogledom, Hrvatska turistička zajednica, 2009.
Надворешни врски Queens Regnant throughout the times
Наводи
Категорија:Позиции на моќ Категорија:Владеачки кралици Категорија:Кралици