Бугарски лев (ISO 4217: BGN, бројчен код 975) — официјална валута во Република Бугарија од 1880 до 31 декември 2025 година. Се дели на стотинки: 100 стотинки = 1 лев. Регулативниот орган е Бугарската Народна Банка.

На 5 јули 1999 година левот бил реденоминиран во однос 1000:1 со 1 нов лев, што било еднакво на 1 германска марка.

Бугарија го заменила левот со еврото на 31 декември 2025 г. како дел од нејзината интеграција во еврозоната.

Име Валутата е наречена по стариот збор за лав, користена во бугарскиот јазик во 19 век (левъ). Името на помалите монети, стотинки, потекнуваат од називот за бројот 100.

Наводи

Надворешни врски Каталог и Галерија на банкноти во Бугарија Галерија на бугарските банкноти

Категорија:Економија на Бугарија Категорија:Европски валути