1251 () — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1251 година од новата ера, 251. од вториот милениум, 51. од XIII век и втора од 1250-тите.

Други календари Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.

Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6759 и 6760 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6001 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5011 и 5012 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2004.

Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт Цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот Цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1251 година се протега во 3887 и 3888, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3947 и 3948 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1794. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 648 и 649 исламска година.

Настани мини|Плакета во спомен на Првата пастирска крстоносна војна во Орлеанс По место Европа април - Започнување на Првата пастирска крстоносна војна во Франција. 26 декември - Кралот на Шкотска Александар III се оженува за ќерката на англискиот крал Хенри III, Маргарет, предизвикувајќи борба за власт меѓу двајцата монарси. Андре де Лонжумо, испратен пред две години од кралот Луј IX како амбасадор во Монголија, се среќава со кралот во Палестина; неговата мисија се смета за неуспех. Миндовг е покрстен и по две години крунисан како крал на Литванија. Александар Невски го потпишува првиот мировен договор меѓу Киевска Русија и Норвешка. Кралот Конрад IV ја напаѓа Италија, но не ги покорува поддржувачите на Папа Инокентиј IV. Берлин ги добива своите градски права. Отокар е избран Војвода на Австрија. За првпат се споменува градот Фалкенберг/Елстер. За првпат се споменува градот Минхенбернсдорф. За првпат се споменува градот Перну. Бил основан цистерцијански манастир во Бад Берка. Витшток ги добива своите градски права.

Азија Монгке-кан е избран за четврти кан на Монголското Царство.

Родени 2 септември - Френсис Фабриано, италијански писател (п. 1322)

Починале јануари - Боемунд V Антиохиски 25 јануари - Принцеза Риши (р. 1197) 9 февруари - Матеј II, војвода од Лорен 6 март - Роза Витербо, италијански светец (р. 1235) 31 март - Вилијам Моденски, епископ од Модена 6 јуни - Вилијам III, гроф на Фландрија 7 септември - Виола Ополска

Наводи

Надворешни врски

51251