Везув (, ) — еден од четирите активни вулкани во Италија на истоимената планина. Вулканот се наоѓа на брегот на Неаполскиот Залив во близина на градот Неапол, па населението од овој град е во непријатно исчекување на активирањето на вулканот. Овој вулкан е познат во историјата по големата ерупција од 79 година кога биле погодени и уништени римските градови Помпеја и Херкуланеум. Оттогаш вулканот еруптирал многупати со што предизвикал соодветни штети.
Според Римјаните, планината Везув е посветена на грчкиот митолошки јунак Херакле (Херкул), во чија чест градот Херкуланеум го добил името.
мини|лево|Поглед на кратерот на Везув со градот Торе дел Греко позади него.
Потекло на името
Името на Херкул, син на Зевс често се наоѓа и како Huesou hios (син на Хеј), со транслитерација на ou во V и на неколку други слогови како hy го дава зборот VESVVIVS - Vesuvius Исто така значаен е и зборот од осканскиот јазик festf што значи чад, и праиндискоевропскиот корен ves што значи карпа (најверојатно магматска карпа).
Образување
Вулканот се образувал со две тектонски поместувања, на Африка и Евроазија. Претходниот го подбутнал подолу подоцнежниот, а од кората се создала магма. Бидејќи магмата е полесна од карпата, таа се придвижувала нагоре кон послабите места на Земјината кора формирајќи вулкан. Карпите на вулканот коишто постојат денес се стари околу 25.000 години.
Ерупции
Вулканот Везув еруптирал повеќепати, а се претпоставува дека неговата прва ерупција била околу 1800 г.п.н.е., уште во бронзеното време. Но, ерупциите на вулканот многу зачестиле по големата ерупција во 79 година кога се претпоставува дека починале 16.000 жители на околните места. Вулканот повторно еруптирал во 172, 203, 222, можеби во 303, 379, 472, 512, 536, 685, 787, околу 860, 900,968, 991, 999, 1006, 1037, 1049, околу 1073, 1139, 1150, како и во 1270, 1347 и 1500. Вулканот повторно еруптирал во 1631, 6 пати во XVIII век, 8 пати во XIX век (познато за 1872), како и во 1906, 1929 и 1944 година кога е најсилната ерупција по таа во 79 година. Ерупцијата во 1944 година предизвикала 49 жртви.
Активност 250px|мини|десно|Ерупција на Везув во 1760 година 250px|мини|десно|Ерупција на Везув во 1822 година 250px|мини|десно|Ерупција на Везув во 1872 година <p style="text-align:center;">Поважни ерупции Датум Тип на ерупција 79 експлозија 472 ефузивно-експлозивен 512 непознат 685 ефузивен (излив) 787 ефузивно-експлозивен 968 непознат 27 јануари 1037 непознат 29 мај 1139 експлозивен 1500 експлозивен 16 декември 1631 ефузивно-експлозивен 3 јули 1660 експлозивен 1694 ефузивен 25 мај 1698 ефузивно-експлозивен 28 јули 1707 ефузивно-експлозивен 20 мај 1737 ефузивно-експлозивен 23 декември 1760 ефузивно-експлозивен 1767 ефузивно-експлозивен 1779 експлозивна 15 јуни 1794 ефузивно-експлозивен 1822 ефузивно-експлозивен 1834 ефузивно-експлозивен 1850 ефузивно-експлозивен 1 мај 1855 ефузивна 1861 ефузивно-експлозивен 15 ноември 1868 ефузивна
Иднина
Според италијанскиот геолог Франческо Русо, шансите Везув повторно да еруптира во наредните сто години се 27 проценти, а мерките за заштита на населението, според Русо, не се соодветни. Доколку Везув се разбуди, загрозени ќе бидат околу 600 илјади луѓе, кои можеби не би успеале да се евакуираат сите.
Наводи
„Везув може да се разбуди“, Дневник, сабота, 31 јануари 2009
Категорија:Вулкани во Италија Категорија:Декадни вулкани Категорија:Активни вулкани Категорија:Сложени вулкани