thumb|200px|Знамето на Југославија од 1918 до 1941 thumb|200px|Знамето на Југославија од 1945 до 1992 thumb|200px|Знамето на Југославија од 1992 до 2003 thumb|200px|Александар I Караѓорѓевиќ - Обединувач на јужнословенските народи. Крал на СХС 1921-1929, Крал на Југославија 1929-1934. Југославија — име што означува три различни но последователни политички ентитети што постоеја во поголемиот дел од 20. век на Балканскиот Полуостров, а во чии рамки спаѓаа јужнословенските земји (меѓу кои и Македонија), со исклучок на Бугарија.
Првата Југославија е кралство формирано во 1918 како Кралство на Србите, Хрватите и Словенците, кое е преименувано во Кралство Југославија во 1929 и постои под тоа име сè до 1941 кога земјата беше окупирана од страна на Силите на Оската. Втората Југославија е социјалистичка земја формирана веднаш по Втората светска војна, а од 1943 е позната како Демократска Федеративна Југославија (ДФЈ), од 1945 како Федеративна Народна Република Југославија (ФНРЈ), а потоа од 1963 како Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ). Во оваа форма таа Југославија останува сè до 1991 кога четири од шесте републики што ја формираат целосно се отцепуваат - Словенија, Хрватска, Македонија и Босна и Херцеговина. Третата Југославија го носи името Сојузна Република Југославија (СРЈ) и постои од 1992 до 2003 на територијата на Србија (вклучувајќи ги и автономните провинции Војводина и Косово) и Црна Гора. Во 2003, името Југославија официјално е укинато и земјата станува лабава унија наречена Србија и Црна Гора.
Поврзано Кралство Југославија СФРЈ СР Југославија Име на Југославија
* Категорија:Поранешни држави на Балканот Категорија:Држави и територии настанати во 1918 година Категорија:Држави и територии распаднати во 2003 година Категорија:Поранешни словенски држави Категорија:Држави и територии распаднати во 1992 година