ФК Питу Гули ― македонски фудбалски клуб од Крушево. Моментално клубот се натпреварува во Третата фудбалска лига - Југ.
Историја ФК Питу Гули бил формиран во 1945 година. Во својата историја клубот настапувал и во Втората македонска фудбалска лига. Во овој клуб својата кариера ја има почнато познатиот македонски репрезентативец, Илија Најдоски, а во Питу Гули има настапувано и Гоце Седлоски. Во сезоната 2018/19, клубот го освоил првото место во 3 МФЛ - Централен регион и бил унапреден во Втората лига - Исток. Во прекинатата сезона 2020/21 на Третата лига - Југ, екипата на Питу Гули завршила на единаесеттото место.
Стадион Клибот настапува на Стадионот Езеро. Тој се наоѓа во северниот дел на Крушево, во близина на Крушевското Езеро. Поради езерото, стадионот е така именуван.
Наводи
Надворешни врски ФК Питу Гули на MacedonianFootball
Питу Гули Питу Гули Категорија:Појавено во 1945 година во Македонија