1232 () — престапна година според општоприфатениот календар. Тоа била 1232 година од новата ера, 232. од вториот милениум, 32. од XIII век и трета од 1230-тите.

Други календари Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.

Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6740 и 6741 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 5982 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 4992 и 4993 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 1985.

Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт Цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот Цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1232 година се протега во 3868 и 3869, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3928 и 3929 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1775. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 629 и 630 исламска година.

Настани

По област Африка Силите на Алмохадите го опколуваградот Сеута, каде што Абу Муса, бунтовничкиот брат на калифот, добил засолниште и поддршка од населението. Џенова им дава дел од својата флота на бунтовниците, кои успешно се спротивставуваат на силите на калифот Последиците од овој револт се тројни: градот станува де факто независен од Алмохадите, но се потпира на италијанските поморски сили, а патот на транссахарската трговија започнува да се менува кон исток, поради локалните превирања.

Азија Првото издание на „Трипитака Кореана“ е уништено монголските сили. 8 април - Во Кина започнува опсада на престолнината Кајфенг против монголските сили.

Европа 15 јуни - Битка кај Ариди: Анри I Кипарски ги поразува силите на царот Фридрих II. 16 јули - Мухамед Ибн Јусуф Ибн Наср е избран за владетел на Архона. Тој се бунтува против владетелот на ел-Андалус, Ибн Худ ел-Џадами, и ја презема контролата над градот. На тој начин е поставена основата на Насридската династија. Италија: Папа Григориј IX, поради револт од Рим, се засолнува во Анањи. Фридрих II го издава Statutum in favorem principum. Арман де Перигор станува Голем мајстор на витешкиот ред Темплари.

Религија 30 мај - Свети Антун Падовански е канонизиран од Папа Григориј IX во Сполето, помалку по една година по неговата смрт.

Родени мини|Биста на Арнолфо ди Камбио во родното Коле ди Вал д'Елса Арнолфо ди Камбио, фирентински архитект (п. 1310) Манфред Сицилијански (приближен датум; п. 1266) Елизабета Вроцлавска (приближен датум, п. 1265) Бернард Сасет (п. 1311) Рамон Луљ, мисионер (п. 1316)

Починале 18 јули - Џон де Brause, Мајкл Шкот, шкотски математичар и астролог (п. 1175) Азалаис Монтфератски, регент на Салуцо (п. 1150) Толуј, син на Џингис Кан (п. 1190)

Наводи

Надворешни врски

31232