Филип Ивановски (Скопје, ) — македонски фудбалер, напаѓач на Вардар и на македонската репрезентација.
Кариера Филип Ивановски својата кариера ја започнува во Вардар, но уште како младинец преоѓа во ФК Работнички. Таму ги бележи првите настапи во 1 МФЛ (Прва македонска фудбалска лига), но за кратко, бидејќи ќе биде избркан од клубот од страна на тогашниот тренер, Ѓоре Јовановски. Потоа минува шест месеци во Алумина, за нередната сезона 2004/05 да дојде во ФК Македонија Ѓ.П. каде што ќе покаже значителни успеси. Поради тоа и прави трансфер во Полска, во клубот Дискоболија Гроѓиск Вјелкопољски, за 800.000 евра.
Категорија:Македонски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на ФК Македонија Ѓорче Петров Категорија:Фудбалери на ФК Работнички (Скопје) Категорија:Фудбалери на ФК Алумина Категорија:Фудбалери на ФК Полонија Варшава Категорија:Фудбалери на ФК Етникос Ахнас Категорија:Фудбалери на ФК Вардар (Скопје)