Бела имела или обична имела () — полупаразитско растение распространето во умерените и топлите краишта на светот. Опфаќа неколку семејства од редот сандаловидните (Santalales).

Во Европа расте белата имела со проѕирни зрнца. Паразитира на различни видови дрва: тополите, липите, брестовите и брезите, а ја има по леските, јаворите, јасените и на дабовите.

Во Македонија виреат три варијабили на ова растение:

subsp. album - се наведува за неколку локалитети во Македонија: Крива Паланка, Прилеп и Струмица.

subsp. abietis - познат за Маврово, Кавадарци, Бистра, Галичица.

subsp. austriacum - Битола, Берово и Струмичко.

Опис Ова е мала грмушка со повеќекратно разгрането стебленце, високо до 100 см, со жолтеникаво зелени до темнозелени гранчиња. Листовите се зимзелени, кожести, поретко во пршлени, на врвот затапени. Цветовите се ситни, еднополни, жолтеникавозелени, собрани во приседнати соцветија. Ова се дводомни растенија. Кај машките цветови надворешниот круг на чашкините ливчиња не е развиен.

Имелата во народната медицина Имелата се споменува во нордиските и келтските легенди, кои ѝ припишувале божествени својства - машкост и плодност. исто така, Галите и Келтите ја употребувале како лек за многу болести, а подоцна неа ја ценеле многу познати лекари, како: Хипократ, Рудолф Штајнер и Себастијан Кнајп. Денес, собирачите на лековите треви ја сметаат за корисна при третманот на епилепсијата и другите невролошки нарушувања, бидејќи веруваат дека го зајакнува централниот нервен систем. Исто така, имелата се цени поради благотворното дејство за женските репродуктивни органи, за кардиоваскуларните заболувања, за системот на варење итн. Во антропозофската медицина, чиј творец е Рудолф Штајнер, имелата е ценета поради цитостатското дејство врз туморите. Врз нејзина основа се развиени лековите „Iscador“ и „Helixor“. Сепак, многу лекари од официјалната медицина ја сметаат имелата за бескорисна, па дури и штетна, поради тоа што содржи токсини.Е.Т.Е., „Имелата ги разорува канцерогените клетки“, Здравје, понеделник, 13 февруари 2017, стр. 30-31.

Наводи

Категорија:Лековити растенија Категорија:Имела Категорија:Паразитски растенија Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Флора на Македонија