Сител — еден од првите приватни комерцијални ТВ-станици во Македонија. Започнал со емитување на сопствена програма на 17 септември 1994 година. Сител е медиум со претежно забавен општ формат.Совет за радиодифузија Претежно програмата се состои од таканаречени турски серии синхронизирани на македонски јазик, но се прикажуваат и други серии, како и програма од македонско производство: „Качамак“, „Брза кујна“, „Сè или ништо“, „Листа за 300“ и други. Исто така има информативна програма, која до денес прикажува централен дневник во 19:00 часот.
На 1 јули 2008 година, Сител телевизија ја пуштила и својата сателитска програма, телевизија Сител 3, а на 20 јуни 2013 година, вториот канал, Сител 2, кој бил регионален канал и можел да се прикажува само во областа на Кратово, Куманово и Крива Паланка. И двете сестрински канали не се активни.
Домашна програма Емисии Ја сакам Македонија Качамак Се или нешто Мерак меана Брза кујна Листа за 300 Шоу Магазин Детектор
Телевизиски серии Македонски стари приказни Балкан бенд Од денес за утре Операција дијамант Ветар низ тополите Среќа во вреќа Азиланти Неверство во зимска ноќ
Наводи
Надворешни врски Официјално мрежно место
Категорија:Телевизии во Скопје Категорија:Појавено во 1993 година во Македонија Категорија:Македонски медиуми Категорија:Телевизиски канали во Македонија