Изгорени од сонцето () е филм на рускиот режисер и глумец Никита Михалков од 1994 година. Филмот, помеѓу другите награди, ги освоил Главната награда на Филмскиот фестивал во Кан и „Оскар“ за најдобар филм од странско говорно подрачје.
Заплет Филмот започнува со 1936 година, пред самата „Голема чистка“ на Јосиф Сталин. Генерал-мајорот Сергеј Котов (го игра Никита Михалков), идеалист-комунист и воен херој од Бољшевичката револуција и Руската граѓанска војна, ужива во животот во неговата селска куќа. Покрај него се Марусја, поранешна благородничка која станала негова жена, неговата ќерка Надја и членовите на поширокото ексцентрично семејство на неговата сопруга, составено од поранешни благородници. Харизматичниот Котов претставува инспирација за сите околу него...
Категорија:Руски филмови Категорија:Филмови од 1994 година Категорија:Филмови на руски јазик Категорија:Филмови на Никита Михалков Категорија:Филмови со Никита Михалков Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Русија Категорија:Добитници на Оскар за најдобар странски филм Категорија:Филмови на француски јазик