Стадион Тетово — повеќенаменски стадион во Тетово, Република Македонија. Моментално најмногу се користи за фудбалски натпревари. Има сместивост од 15.000 гледачи.
Историја
Стадионот е отворен во 1981 година и до 2016 година се викал Градски Стадион Тетово.
Во март 2015 година, бил потпишан договор помеѓу ФФМ и Општината Тетово за реконструкција на стадионот како дел од проектот на УЕФА, „Хет-трик 4“.Потпишан договорот за реконструкција: Тетово ќе добие модерен стадион за ноќни мечеви sportmedia.mk 10 март 2015Потпишан договорот за реконструкција на Градскиот стадион во Тетово ekipa.mk 10 март 2015 Подновувањето на стадионот започнало во април 2015 година.Стартуваше реконструкцијата и на стадионот во Тетово ekipa.mk 16 април 2015По Битола, и во Тетово започнаа градежните работи на стадионот sport365.mk 16 април 2015
Во јули 2016 година, Еколог Интернешнл, сопствениците на ФК Шкендија, го зедоа Градскиот стадион во Тетово под концесија од Советот на општина Тетово и се обврзаа да инвестира 7,7 милиони евра за реновирање на стадионот за да може да биде домаќин на меѓународни натпревари. Теренот е преименуван во Еколог Арена под договорот за концесија.
Наводи
Надворешни врски Профил на стадионот на worldfootballtravel.com Македонски фудбал Официјално мрежно место на ФФМ
Категорија:Спортски зданија во Тетово Категорија:Фудбалски стадиони во Македонија Категорија:ФК Тетекс