Георги Поп Христов — македонски револуционер, член, раководител и војвода Македонската револуционерна организација.

Животопис

Рани години и образование лево|мини|350п|Учители и ученици в Битолската бугарска прогимназија, меѓу кои и Георги Поп Христов Тој е роден во 1876 година во селото Крстоар, Битолско. Образованието го завршил во селото Буф, на грчки јазик. Продолжил егзархиско основно образование во своето село. Завршил прогимназија во Битола. По една година учителствување во своето родно село, го продолжил образованието во Солун. Во учебната 1895-96 година, тој се вработил како учител во Кавадарци каде и се вклучил во револуционерното дело. Од 1900 година, тој бил учител во бугарско основно училиште во Битола.

Револуционерна дејност На 12 февруари 1902 година, тој бил уапсен и осуден на смрт, но бил амнестиран во февруари 1903 година. Учествувал на Смилевскиот конгрес во мај 1903 година, како претставник од Битола. За време на востанието бил војвода во Леринско. По востанието доаѓа во Бугарија, но во пролетта 1904 година, тој се вратил во Македонија. Активно делува во обновување на Организацијата во Битолско, Костурско и Леринско. Во мај 1904 година, тој учествувал како делегат на Прилепскиот конгрес. Следната 1905 година, тој учествувал на Рилскиот конгрес.

Заминување во Бугарија мини|Ѓорче Петров, Арсениј Јовков и Георги Поп Христов Учествувал во Балканските војни и во Првата светска војна, по што се населил во Бугарија. Во 1925 година, на конгресот во Србиново, тој бил избран за член на ЦК на ВМРО. Тесно соработувал со Александар Протогеров. По убиството на Протогеров, по наредба на Иван Михајлов во 1931 година, тој се повлекол од активно учество во Организацијата. Умрел во 1962 година во Софија.

Автор е на книгата „Револуционерната борба в Битолски округ“ издадена во Софија, во 1953 година.

Мисли на Поп Христов

Надворешни врски Говор на Георги Поп Христов во БНР, 1961 година

Белешки

Категорија:Луѓе од Крстоар Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Дејци на ВМРО Категорија:Македонски војводи Категорија:Членови на Главниот штаб за II Битолски револуционерен округ Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Македонски мемоаристи Категорија:Борци против грчката вооружена пропаганда во Македонија Категорија:Македонски револуционери Категорија:Осма генерација на воспитаници од Солунската машка гимназија Категорија:Учесници во Илинденското востание Категорија:Македонски просветители Категорија:Членови на Сојузот на бугарските конституциони клубови Категорија:Отомански затвореници и притвореници Категорија:Затвореници и притвореници во Отоманското Царство