Гагаузите (гагауски: Gagauz, мн. Gagauzlar или Gagavuz, мн. Gagavuzlar; ) — номинално туркиски народ кој живеe претежно во Молдавија, односно во автономната покраина Гагаузија. Во Гагаузија, тие сочинуваат околу 83 % од вкупното население. Мнозинството од Гагаузите се со православна вероисповед но има и муслимани кои живеат во Турција. Вкупниот број на Гагузите е 230 000 од кои во Молдавија живеат 147 500, во Украина 31 000 и во Турција 15 000 и 10 000 во Бугарија, каде бугарската наука ги смета за Бугари.

На нашите простори тие се среќавале претежно во областа Зихна, источна Егејска Македонија.

Според најподобрната генетска анализа, Гагаузите се најсродни на Македонците, што значи дека тие претрпеле јазична асимилација, а со тоа и вештачки „турски“ идентитет.

Наводи

Категорија:Туркиски народи Категорија:Народи во Молдавија Категорија:Народи во Украина Категорија:Народи во Русија