Правописот и правоговорот на македонскиот јазик, познати како ортографија и ортоепија, се стандардните јазични норми на секој јазик со кои се наведува правилниот говор и правилното пишување. Под правопис се подразбира правилен начин на пишување т.е. правилна употреба на графичките знаци и на интерпункцијата во даден јазик, како и правилна примена на сите законитости според кои се утврдуваат правилата. Сето ова се сфаќа како унифициран збир на правила за пишување на зборовите. Правоговорот се дефинира како правилен изговор на напишаното и на кажаното. Правоговорот налага секој зборувач на еден јазик да ги почитува правоговорните норми. Правописот на македонскиот јазик од моментот на својата стандардизација претрпел неколку измени, односно имало мали измени во правописот во 1945, 1950, 1970 и 1998 година. Во февруари 2016 година бил претставен новиот правопис на македонскиот јазик, подготвен од 48 учесници, а објавен од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.„Издаден нов правопис - отворена книга за жив јазик“, Дневник, година XX, број 5992, четврток, 18 февруари 2016, стр. 19. Во 2017 г. излегло второ издание на овој правопис, кое е ставено на располагање на посебен портал на НУБСК.
Природа и развој на македонскиот правопис мини|лево|250п|Блаже Конески Во лингвистиката, правописните правила се категоризираат во една од трите главни типови: фонетски или фонолошки, морфолошки и етимолошки правопис. Фонетскиот правопис се однесува на гласот или се управува според гласот и таков вид на правопис има во македонскиот, српскиот, хрватскиот или албанскиот јазик. Со други зборови, во овој вид на правописи се пишува како што се чита. Во основа на морфолошкиот правопис лежи строежот на зборот т.е. без разлика како се изговара, секоја морфема си ја задржува основната форма и таков правопис е на пример бугарскиот. На крај, етимолошкиот правопис е правопис кој се заснова на постара пишана форма на еден јазик, како што е англискиот или францускиот правопис. Важно е да се напомене дека нема ниту еден правопис кој е чист по природа, односно мора да има елементи од најмалку еден друг вид на правопис покрај основниот. thumb|десно|200px|Правопис на македонскиот литературен јазик од 1991 г. Правописот на македонскиот јазик се занимава со правописните правила, нивно изучување, подобрување и одржување. Во склоп на македонскиот правопис спаѓа правописот на самогласките и согласките, употреба на голема буква, слеано и разделно пишување на зборовите, делење на зборови, скратеници, транскрипција, интерпункциски знаци и правописни знаци.
Од големо значење се залагањата на Јоаким Крчовски, Кирил Пејчиновиќ и Теодосиј Синаитски, а посебно се истакнуваат Ѓорѓија Пулевски и Крсте Петков Мисирков, кој во својата книга „За македонцките работи“ одвојува статија во која ги изјавува своите ставови за начинот на формирање на македонски литературен јазик. На Првото заседание на АСНОМ, 2 август 1944, е донесено решение за воведување на македонскиот јазик како службен јазик во македонската држава. Комисијата за јазик и правопис своите ставови ги формулирала во Резолуција донесена на 3 мај, а усвоена на 5 мај 1945 година. Заслугата на Блаже Конески за кодификацијата на македонскиот литературен јазик е во тоа што создал „Граматика на македонскиот литературен јазик“, „Речник на македонскиот литературен јазик“, како и „Правопис на македонскиот литературен јазик“, подготвен заедно со Крум Тошев, кој е озаконет на 7 јуни 1945.
Пишување на гласовите
Азбука Македонската азбука има 31 буква, колку што има гласови во македонскиот литературен јазик.
Аа, Бб, Вв, Гг, Дд, Ѓѓ, Ее, Жж, Зз, Sѕ, Ии, Јј, Кк, Лл, Љљ, Мм, Нн, Њњ, Оо, Пп, Рр, Сс, Тт, Ќќ, Уу, Фф, Хх, Цц, Чч, Џџ, Шш
Едначење по звучност
Според звучноста, согласките се делат на безвучни, звучни и гласници (сонанти). Безвучните и звучните согласки образуваат корелативни парови.
а) звучна + безвучна = две безвучни (пред + пријатие = претпријатие) б) безвучна + звучна = две звучни (сват + ба = свадба)
Обезвучување на крајот на зборот При изговор, доаѓа до обезвучување на крајот на зборот, и покрај тоа што се пишуваат звучните (леб, град, мраз).
Удвојување на согласки Во македонскиот јазик се среќаваат и удвоени согласки. Како удвоени се јавуваат согласките т, д, с, з, ј, л, м, в и р. За повеќе детали видете: Удвоени согласки во македонскиот јазик.
Елизија Елизија е испуштање на гласовите. Најчесто се случува во множински форми (петел - петли; добар - добри).
е Кај именките: Кај именките на -ец старец, старецот - старци; скакулец, скакулецот - скакулци; големец, големецот - големци, но: подлец - подлеци; мудрец - мудреци Кај именките на -ел: котел, котелот - котли; кобел, кобелот - кобли; орел, орелот - орли, но жител - жители; истрел - истрели Кај именките на -ен: ражен, раженот - ражни; камен, каменот - камни, но и камења; скорен, скоренот - скорни но: остен, остенот - остени (и: остење) Кај други именки: јарем, јаремот - јарми (два јарема) пес, песот - пци (два песа) ден, денот - дни (два дена), но и: денови! Кај туѓи зборови на -ер: министер, министерот - министри итн. Кај придавките на -ен: гладен, гладна, гладниот итн.; радосен, радосниот итн., но: дрвен, дрвена итн. (но: дрвна индустрија)
о Кај именките: Кај именките лакот - лактот, лакти; нокот - ноктот, нокти; Кај именките на -ок: потомок - потомци, но: четврток - четвртоци Кај придавките: редок - ретка; сладок - слатка; близок - блиска, но: висок - висока, широк - широка Во наспоредни форми: собере - збере
а Кај туѓите зборови на -изам: комунизам - комунизмот, фашизам - фашизмот Кај придавките со наставка -ар: бодар - бодриот, добар - добриот итн. Кај именки на -ар: ветар - ветрот, ветрови. Кај туѓите именки на -ар: метар - метри итн.
Употреба на голема и мала буква
Со голема буква се пишуваат:
Почетниот збор на реченицата. Имињата, презимињата и прекарите, имињата на животните и фамилиите. Посвојните придавки изведени од лични имиња со наставките -ов, -ев и -ин. Географските и топографските имиња. Ако се составени од повеќе зборови, сите се пишуваат со голема буква. Имињата на жители на континенти, држави, области, национална припадност, припадници на племиња. Имиња на институции, улици, кејови, плоштади, објекти, организации, фестивали, имиња на книги, уметнички творби, весници, списанија, написи, закони, прописи, документи, како и називите на востанијата, војните, битките и мировите. Голема е буквата само на првиот збор, освен ако не е лично име. Имиња на небесни тела. Кога по две точки (:) следува директен говор. Имиња на празници. Од почит, заменките „вие“ и „ваш“, како и други зборови.
Со мала буква се пишуваат:
Жители на населени места. Придавки изведени од лични имиња и географски поими. Имиња на месеци, денови во неделата, годишни времиња. Имиња на училишни предмети.
Правопис на самогласно Р Гласот р врши служба на самогласка во случаите како: крв, дрво, срце,трн,прв,врв,трча,крт итн. Во почетокот на зборот: ’рж, ’рѓа, ’рска, ’рнка, ’рга, ’рбет. Овие зборови со претставка што завршува на самогласка: за’ржи, на’рга. Со претставка што завршува на согласка: сржи, срска. Значи буквата „р“ некогаш се јавува како самогласка.
Правопис на Ј 1. Ј секогаш се пишува меѓу И и А (исклучоци: заемки како алиас, прилогот иако, слеани зборови како триаголник итн.) Марија, историја, Македонија. 2. Кога во зборот ќе се најдат три самогласки една до друга, меѓу последните две се пишува Ј. пееја, знаеја, умееја, успеаја. 3. Кај именките изведени од глаголи со наставката -јач. пејач, сејач, скијач. 4. Се пишува во формите на заповеден начин. пиј-пијте, пеј-пејте. 5. Во наставката на глаголскиот прилог -јќи. одејќи, пеејќи, мислејќи. 6. Ј се пишува во еднинските форми кај некои зборови. мој, кој, свој, твој, секој... 7. Ј не се пишува меѓу две самогласки од кои втората е Е или И. мое, мои, бои, крои, шие.
Правопис на Ќ и Ѓ 1. Ќ се пишува во честичката за идно време ќе.
ќе одам, ќе учам
2. Ќ се пишува во наставката -јќи.
одејќи, спиејќи
3. Ќ се пишува на почетокот од зборот.
ќебе, ќерка, ќерамида
4. Ќ не се пишува пред и кај туѓи зборови.
кибрит, килим, килибар
5. Ѓ не се пишува пред е во туѓи зборови.
ангел, Германија, генерал
Правопис на Л и Љ Л се пишува во зборовите: лут, клун, клуч, лупи... Пред Ј не се пишува Љ: волја, фотелја, Билјана, неволја, крилја, илјада. Во еднина: детаљ; во множина: детали. Во почетокот на зборот, само во коренот љуб-: љуби, љубов, Љубе, Љубен, Љупка, Љубица, Љубојно итн. Во други случаи нема љ: лубеница, луѓе, клун, клуч итн. Во други случаи: вљубен, пљачка итн.; Иљо, Кољо; Иљка; фељтон, фељтонист.
Правопис на Х Во литературниот јазик не е преземено од народните говори: хемија, хигиена, Хајнрих Хајне итн.; храброст, поход, доход итн.; Охрид, Пехчево.
Во еден број случаи се создава двојство: дух, воздух, но: задув; поход, доход, но: оди, наоѓа; храна (за разлика од рана!), но: ранениче. Во други случаи не се изговара и пишува во почетокот на зборовите: леб, арно, ајдутин, армоника, убав, убавина итн.
Во средината и на крајот на зборот х или се загубило или преминало во друг глас: в, ф < х: Од хв-: фрла, фали, фати, фрка; Од х: дојдов, бев, бевме, но: беа; нивни, јавне итн.; орев - оревот; пазува; мува; уво
Правопис на В и Ф вистина, вистински; внатре; втор; внук (не: мнук); влезе (не: флезе), но: земе, зеде, зел, презема; ливче (од лисче), мовче од мост итн.
Во некои дијалекти се загубило: тетоски место тетовски, чоек место човек итн., односно се претвора во ј: зборој место зборови итн.
Правопис на Џ џ се развило од ж: џвака, џгура итн. Кај туѓите имиња: Риџвеј и сл. и кај туѓи зборови како се: џин, џигер итн. Се добива од ч пред звучна согласка: лиџба < *личба Кај наставката -џија: тутунџија, џамџија итн.
Правопис на Њ На крајот на зборовите: коњ, сињ (и син) (боја) Во множината на именките на -ен: пламење, камење итн. Кај глаголските именки на -ње: барање, движење итн. Во неколку именки на -ња: бања, диња, свиња итн. Во збирните именки (место множина): ремен - ремење, корен - корење итн. Во наставката -иња за множина на некои именки во среден род на -е: име - имиња; прасе - прасиња итн. Кај некои несвршени глаголи: мени - мењава; се поклони - се клања итн.
Правопис на броевите 1. Бројот 6 се пишува со т на крајот: шест 2. Кај десетките: 50 - педесет, 60 - шеесет, 90 - деведесет. 3. Кај стотките: 100 - сто, 200 - двесте, 300 - триста, потоа сите стотки ја имаат наставката -стотини, 400 - четиристотини, 500 - петстотини, 600 - шестотини. Исто е и кај приближните: 600-700 - шест-седумстотини. 4. Се пишува: илјада, но: милион, милијарда, билион. 5. Сложените броеви што се поврзуваат со и се пишуваат одвоено. 23 - дваесет и три, 174 - сто седумдесет и четири, 1266 - илјада двесте шеесет и шест. 6. При членување: двата (двете), трите, петте, шесте, деветте; додека кај стотките е различно: стоте, двестето, тристата, па потоа: четирите стотини, петте стотини, шесте стотини итн. 7. Кај бројноста за лица: двајца, тројца, четворица, па потоа: петмина, шестмина, седуммина, осуммина, деветмина итн.
Слеано и разделено пишување на зборовите Два или повеќе одделни збора добиваат ново значење откако ќе се спојат во еден сложен збор. Во зависност од степенот на срастување, овие зборови може да се пишуваат слеано или со цртичка меѓу компонентите.
Слеано пишување 1. Сложените именки и придавки поврзани со самогласките О и Е се пишуваат слеано. 2. Именките и придавките со прв дел: пол-, полу-, се пишуваат слеано. 3. Сложените именки или придавки кај кои првата компонента е број или бројна придавка. 4. Сложените именки од кои првата компонента им е глагол во заповедна форма. 5. Сложените именки и придавки на кои првата компонента им е заменска форма. 6. Имињата на празниците во чиј состав влегува зборот „ден“. 7. Сложените именки кај кои како прва компонента се јавуваат туѓите зборови: авио, авто, астро, хидро, микро.