Мис Стон е македонски историски филм од 1958 година, режиран од Жика Митровиќ, со Олга Спиридоновиќ, Илија Милчин, Марија Тоциноски, Илија Џувалековски, Петар Прличко и Виктор Старчиќ во главните улоги.
Содржина
Дејствието на филмот е сместено во 1901 година и тоа е засновано врз вистински настан - грабнувањето на американската протестантска мисионерка Мис Стон (во филмот ја игра Олга Спиридоновиќ) од страна на Јане Сандански (Илија Милчин) и неговата чета во Македонија.
За откуп на Мис Стон се побарани 25.000 златни лири кои на четата на Јане Сандански ѝ се неопходни за набавка на оружје. Меѓутоа, ова барање треба да се потпише и од Мис Стон. Таа категорично одбива да го направи тоа, но откако минува низ неколку борби водени со турскиот аскер, застанува на страната на комитите и го потпишува писмото, чии барања, на крајот и се исполнети.
Награди На Филмскиот фестивал во Пула во 1959 година, Олга Спиридоновиќ ја добива наградата „Златна арена“ за главна женска улога, а Петре Прличко се закитува со истото признание кај мажите. „Златна арена“ добива и Василие Поповиќ - Цицо за неговата работа со сценографијата. Филмот, исто така, добива почесни дипломи на фестивалите во Единбург, 1960 година и Њу Делхи во 1961 година.
Белешки
Надворешни врски "Six Months Among Brigands" спомените на Ellen M. Stone "Born among Brigands; Mrs Tsilka's story of her Baby" спомените на Катерина Цилка
Категорија:Филмови од 1958 година Категорија:Македонски филмови за османлискиот период Категорија:Историски филмови