Хајнрих Теодор Бел ( - ) — германски писател, добитник на Нобеловата награда за книжевност во 1972 година. Тој е автор на повеќе дела кои се сметаат за класици на модерната германска литература.,Heinrich Böll Biographical
Животопис Бел го добил основното образование во католичкото училиште во Келн, а во родниот град ја завршил и хуманистичката гимназија „Цар Вилхелм“. Тој бил еден од ретките младинци што не учествувале во политичкото движење Хитлерјугенд.Проект- превод на книжевни дела од автори кои добиле Нобелова награда, НИД „Микена, Битола, 2009. По матурата, работел како практикант во книжарница. Во 1938 година ги почнал студиите по класична филологија, но само по еден семестар бил регрутиран во војската. Се борел на повеќе фронтови и неколкупати бил ранет. Во 1942 година, Бел се оженил со својата младешка љубов, Анемари Чех. Крајот од Втората светска војна, од април до септември 1945 година го поминал во германско заробеништво.Хајнрих Бел, Погледите на еден кловн. Скопје: Бегемот, 2012, стр. 227. Бел бил политички ангажиран така што бил патрон на фондацијата поврзана со германската Партија на зелените.
Творештво Бел се појавил на книжевната сцена во 1947 година со своите раскази, а во 1951 година ја добил наградата на Групата 47 чиј член станал подоцна. Од 1971 до 1974 година бил претседател на Меѓународниот ПЕН-клуб. Во 1972 година станал добитник на Нобеловата награда за книжевност. Најпознати дела на Бел се: Возот пристигна на време (раскази, 1949) Патнику, ќе дојдеш ли во Спа. . . (1950) Каде беше Адаме? (роман, 1951) И не се пожали ниту со збор (роман, 1953) Леб од најраните години (ромна, 1955) Ирски дневници (1957) Недофатни (драма, 1957) Заминување за еден час (драма, 1957) Црни овци (расказ) Куќа без чувари Билјард во девет и полoвина (роман, 1959) Голтката на земјата (драма, 1962) Погледите на еден кловн (роман, 1963) Напуштање на одредот (раскази, 1964) Отсутен, без да замине (роман, 1964) Крајот на службеното патување (роман, 1966) Групен портрет со дама (роман, 1971) Загубената чест на Катерина Блум (роман, 1974) Жената во заднината на пејзажот со река (роман, 1985)
Во своите романи и раскази, пиеси и есеи, Бел најчесто ги осудува фашизмот и општествениот поредок во Германија за време и по Втората светска војна.
Наводи
Категорија:Добитници на Нобеловата награда за литература Категорија:Родени во 1917 година Категорија:Починати во 1985 година Категорија:Германски нобеловци Категорија:Членови на Берлинската академија на уметностите Категорија:Германски писатели Категорија:Членови на Американското филозофско друштво