thumb|250px|Карта на Скореновац
Скореновац (, , ) е село во општина Ковин, Јужнобанатски округ во автономната област Војводина, Србија. Најблиски градови се Ковин - 6 км, Панчево - 30 км и Белград - 46 км.
Историја Селото Скореновац е основано во 1869 меѓу селото Банатски Брестовац и реката Дунав. Основано од унгарски семејства (Palóc), кои доаѓаат од Банатско Ново Село (Újfalu), Арменовци (Ürményháza) и Шандорфалва (Sándorfalva), а имало и некои семејства кои дошле од околината на Сегед (Szeged) и Банатски Душановац (Szőlősudvarnok/Rogendorf). Селото во 1869 броело 396 жители. Подоцна, во 1883 година, доаѓаат 645 Секели, и така вкупното население на Скореновац брои околу 2 000 жители. Во тој период, поради отсуството на брани крај реката, секоја година Дунав се изливал од коритото и му нанесувал штети на селото и неговото обработливо земјиште. Оваа постојана закана од поплава ги тера жителите да се преместат. Мала група од нив се селат во Иваново.
Новото село е основано во 1886 година, по времето на Франц Јосиф I - император на Австроунгарија, и го носело името Секејкеве (Székelykeve). Најбројни жители биле Секелите, дојдени од Буковина. Заедно со нив се доселуваат и извесен број на германски семејства од Пландище (Zicsifalva) и Плочице (Plosic) и банатски бугарски семејства од Стар Бешенов. Скореновац е најјужно место на светот каде су најбројни жители унгарци.
Историски имиња на месноста на селото низ вековите
Историски имиња на месноста: Zkorenovetz Terra - (1412) Zkorenocz Puszta - Villa Regalis - (1428)
Имиња на селото: Ѓоргево - име дадено при основањето на селото (1869-1883) Наѓѓордфалва (Nagygyörgyfalva) - "Голямо Гюргево" (1883 - 1886) Скореновац (Skorenowatz) - (користено од германците во различни периоди) Секејкеве - (Székelykevе) - (1886-1922) Скореновац (Skorenovac) - (от 1922)
Население и распределба по етнички групи
Година Број унгарци германци бугари Срби словаци југословени
1890 2 510 Н/П Н/П Н/П Н/П Н/П 0,00%
1910 4 541 73,31% 11,94% 9,69% 1,26% 2,53% 0,00%
1921 4 195 81,83% 7,34% 10,27% 0,36% 0,05% 0,00%
1948 4 465 84,46% 0,70% 11,22% 3,18% 0,05% 0,00%
1991 3 213 80,36% 0,15% 2,53% 9,40% 0,03% 3,36%
2002 2 501 86,71% 0,07% 2,99% 5,47% 0,00% 1,04%
Селски празници и обичаи
Свети Стефан (Szent István) - селски празник "Кирбај", се празнува на 20 август. Машкаре (Farsang) - карнавалски празник во февруари. На него младите од селото се маскират во животински кожи, носат ѕвона и ги гонат "злите духови". Веселбата на младите продолжува низ целата ноќ. Овој празник особено се почитувал до 60-те години на XX век. Баба Марта - обичај на банатските бугари во селото.
Личности Лука Узун – адвокат, просветен деец на банатските бугари, уредник на “Банатски български гласник”, издаван во Темишвар. Тамаш Јунг (1911- 1992) - епископ Золи Шебешчан - поранешен фудбалер на Бајер Леверкузен Ерне Комароми - фудбалер
Разни слики од традицијата и секојдневниот живот
Надворешни врски Скореновски вести
Категорија:Ковин Категорија:Населени места во Војводина Категорија:Унгарски населби во Србија