Лик од Ханибал тетралогијата 300px|Ентони Хопкинс како Ханибал Лектор во „Кога јагнињата ќе стивнат“Сер Ентони Хопкинс како Ханибал Лектор Родено име Ханибал Лектор (VIII) Титули д-р Ханибал Лектор Алиаси Лојд ВиманД-р Фел Прекар Канибалот Ханибал Пол Машки Раса Бела Потекло Литванско благородништво (татково)Италијанско благородништво (мајчино) Роднини Миша Лектор (сестра) гроф Роберт Лекторлејди Мурасаки (тетка по брак)M.O.Канибализам и мачење Занимање Хирург, клинички психијатар, некролог, форензички психолог, кулинарски уметник, уметник, музичар, библиотекар Создаден од Томас Харис Портетиран од:Брајан Кокс - ЧовеколовецСер Ентони Хопкинс - Кога јагнињата ќе стивнат, Ханибал, Црвен змејГаспар Улие - Ханибал: почетоцитеАрон Томас - Ханибал: почетоците (како дете)

Ханибал Лектор () — измислен лик од серија романи од авторот Томас Харис. Лектор за првпат се појавува во трилер-романот Црвен змеј како генијален психијатар и канибалистички сериски убиец. Овој роман и неговото продолжение, Кога јагнињата ќе стивнат, го прикажува Лектор како еден од двајцата главни антагонисти. Во третиот роман, Ханибал, Лектор станува главен лик. Неговата улога како протагонист продолжува во четвртиот роман, Ханибал: почетоците, кој го истражува неговото детство и формирање како сериски убиец.

Ликот на Ханибал се содржи и во сите пет филмски адаптации. Првиот филм, Човеколовец, е лесно заснован на Црвен змеј, а улогата на Лектор ја има Брајан Кокс. Во 2002 е направена втора адаптација на Црвен змеј под оригиналниот наслов со улогата на Ентони Хопкинс, кој претходно го глумел во ликот на Ханибал во филмовите Кога јагнињата ќе стивнат и Ханибал. Хопкинс е добитник на Оскар за неговата улога како ликот во Кога јагнињата ќе стивнат во 1991.

Во 2001, Ханибал Лектор (во улога на Хопкинс) е изгласан од АФИ за најзабележителен злобник во филмската историја.

Серија Во февруари 2012 година, NBC нарача серија – Ханибал, која била телевизиска адаптација на Црвениот Змеј, која требаше да биде напишана и извршно продуцирана од Брајан Фулер. Мадс Микелсен го игра Лектер, наспроти Хју Денси како Вил Греам. Во ТВ серијата, која го прикажува Лектер пред неговото апсење, тој се консултира со Греам за да му помогне да фаќа сериски убијци. Тој е фасциниран од способноста на Греам да сочувствува со психопатите и го манипулира во обид самиот да го претвори во убиец.

Наводи

Надворешни врски

Information about Hannibal Lecter, with a strong central focus on Manhunter (1986) Crime Library profile of Lecter Hannotations Германска страници за обожаватели The Hannibal Lecter Studiolo The Hannibal Lecter Studiolo Forum Lecterphiles community on Livejournal Dr Hannibal Lecter Movie Pack

Категорија:Литературни ликови Категорија:Фиктивни сериски убијци Категорија:Филмски ликови