Самитот за планетата Земја (англиски:Earth Summit) - официјално Конференција на Обединетите нации за животна средина и развој била меѓународна конференција што се одржала во Рио де Жанеиро од 3 до 14 јуни 1992 година за усогласување на еконoмскиот развој и заштитата на животната средина во светот. Тоа бил најголем собир на светски водачи во историјата на кој присуствувале 117 шефови на држави и претставници од 178 земји.

Главни теми за дискусија биле: биоразновидноста на живиот свет, глобалното затоплување, одржливиот развој и заштита на тропските прашуми. Биле потпишани пет меѓународни спогодби, меѓу кои за разликите меѓу индустријализираните земји од Северот и сиромашните земји во развој од Југот, кои одбиле да ги прифатат ограничувањата за заштита на животната средина без зголемена економска помош од развиениот Север.

Следни состаноци беа одржани во 1997 година во Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк и во 2002 година во Јоханесбург, Јужна Африка.

Надворешни врски

Видео: 12-годишно дете зборува за детската организација УНЦЕД, 1992 Видео: Џорџ Хант, ревизија на УНЦЕД 1992 Говор на Фидел Кастро на Самитот

Категорија:Дипломатски конференции Категорија:Животна средина Категорија:Конференции на Обединетите нации Категорија:Рио де Жанеиро