Во логиката и математиката, вистинитосна вредност или логичка вредност е вредност која укажува на тоа колку еден исказ е вистинит (точен).
Во класичната логика, единствените можни вистинитосни вредности се вистина (т) и невистина (⊥). Меѓутоа во поинаквите логики се можни и други вредности: неопределената (фази) логика и другите облици на повеќевредносна логика користат повеќе вистинитосни вредности од само вистина (точно) и невистина (неточно).
Алгебарски, множеството {точно, неточно} образуваат двоелементна Булова алгебра. Во некласичните логики, како множества на вистинитосни вредности можат да се користат и други алгебри: на пример, интуиционистичката логика користи Хејтингови алгебри.
Во теоријата на топосите, подобјкетниот класификатор на еден топос го заменува множеството на вистинитосни вредности.
Вистинитосната вредност на еден исказ може да се претстави со 0 (нули) и 1 (единици) или пак со знаците т (наречен: „те“) и ⊥ (наречен: „нете“)
Точно = 1 или т Неточно = 0 или ⊥
Поврзано Вистинитосна таблица Булов домен Степени на вистинитост Лажна дилема Неопределена логика Логички сврзник Повеќевредносна логика Релативизам Негација Наводи
Надворешни врски Статија за логичките константи во Стенфордската енциклопедија на филозофијата
Категорија:Логика Категорија:Концепти во логиката