Поучувањето претставува планирано водење и поттикнување, насочување, помагање, следење во процесот на учење со цел да се оспособи ученикот сам да го регулира сопственото учење.

Примери од наставната практика

Поучување во кое има планирање на јасни дефинирани цели, форми, методи и средства за поучување и учење. Планирање во кое јасно се определени активностите на наставникот и ученикот за постигнување на целите. Поучување во кое се планирани и реализирани методи, постапки и инструменти за оценување на постигањата на учениците. Поучување во кое наставникот не прави рефлексија на сопственото поучување.

Рефлексија на наставникот за сопственото поучување

Иако целите беа јасно дефинирани, формите и методите кои ги користев не се покажаа сосема соодветни. Новата метода која првпат ја користев, поради мојата неумешност не успеав целосно да ја применам што се одрази на нерационално користење на наставнато време.

Рефлексија на ученикот за поучувањето

Поради новиот начин на работа на наставникот имавме потешкотии и не успеавме да го решиме дадениот проблем.

Категорија:Настава