Старотуркиски јазик, орхонски туркиски или староујгурски јазик — најстариот документиран туркиски јазик, пронајден на натписи од Ујгурите во периодот од 7 до 13 век. Не можеме да кажеме дека директно ујгурскиот јазик потекнува од овој јазик, но има доста елементи што укажуваат на таа теорија.
Фонологија Стариот туркиски јазик има 9 самогласки a, e, ė, i, ï, o, ö, u, ü. Согласките се делат на звучни и безвучни и тие се следниве:
лабијални: p, v (β), m; забни: t, d (δ), n; непчани: č, y, ń; меконепчани: k (q, χ), g (γ), ŋ; сибилантни: s, š, z; ликвидни: r, l.
Категорија:Туркиски јазици Категорија:Аглутинативни јазици Категорија:Мртви јазици во Азија