Работен јазик или процедурален е јазикот кому му е доделен единствен правен статус како примарен начин на комуникација во големите компании, организации, државни и други тела. Тоа е јазик на секојдневна коресподенција и разговор на одредена организација покрај останатите службени јазици.

Многу меѓународни организации имаат работни јазици за своите тела. По дефиниција, работниот јазик не треба да се поистоветува со поимот службен јазик. Обединетите Нации имаат шест работни јазици: арапски, кинески, англиски, француски, руски и шпански. Европската Унија има три работни јазици: англиски, германски и француски. НАТО има два работни јазици: англиски и француски. ФИФА има три работни јазици: француски, германски и англиски. Источен Тимор има два работни јазици: индонезиски и англиски.

Категорија:Јазици Категорија:Социолингвистика