United Abominations е единаесеттиот студиски албум на треш метал бендот Megadeth. Во него комплетната постава е сменета, а непроменет останал само основачот Дејв Мастејн. Издаден е во 2007, и ова е првиот од трите албуми издадени под покровителство на Капитол Рекордс.
За време на промотивната турнеја на албумот, поради приватни проблеми гитаристот Глен Дровер го напуштил бендот, а на негово место пристапил Крис Бродерик. Албумот забележал солиден комерцијален успех, бидејќи станал највисоко рангираниот албум на Мегадет по Youthanasia од 1994. Добил задоволителни оценки од музичките експерти, кои забележале дека на овој албум политичките теми биле најмногу застапени од сите други изданија на овој бенд.
Оваа плоча била прогласена за најдбро хеви метал остварување на 2007 од страна на списанието Guitar World.
Список на песни Сите песни се напишани и компонирани од Дејв Мастејн, освен песната „Never Walk Alone… A Call to Arms“, чија музика ја компонирал Глен Дровер, во соработка со Мастејн.
Наводи
Категорија:Албуми на Megadeth Категорија:Албуми од 2007 година