Транскрипција (од лат. transcriptio - препис, предавање) може да се однесува на:

Транскрипција (лингвистика), предавањето на усмени зборови во писмена форма. Исто така и претворањето на ракопис, или фотографија на текст во чист текст. Транскрипција (генетика), процес на копирање на ДНК во РНК од ензимот наречен РНК-полимераза (РНКП). Транскрипција (музика), нотирање на ненотирано музичко дело, честа практика во етномузикологијата, или пак препишување на едно дело, или со едноставно копирање (за читкост), или пак како аранжман за друг инструмент. Медицинска транскрипција, документирање на медицинските записи на пациентите. Пијано транскрипција, музичко дело свирено на едно или повеќе пијана за приближно предавање на изворното дело. Кај компјутерите, гласовно препознавање, транскрипцијата е процес при кој системот/софтверот за препознавање на глас слуша претходно снимен глас и го вметнува во форма на пишани зборови во документ за подоцнежна коректура (транскрипција на гласовно препознавање)

Поврзано Транскрипт (препис)