Секој што ќе станел Голем мајстор на витешкиот ред Темплари станувал командант на христијанската војска и на храмот на Соломон (познат и како темпларски храм). Првиот Голем мајстор на овој витешки ред бил Хуго де Паен којшто на оваа функција застанал во 1118 година, а по неговата смрт на оваа функција застанал Робер де Краон со што продолжила низата на Големи мајстори којашто завршила со Жак де Молеј во 1314 година. Најголем број од темпларите коишто биле Големи мајстори на функцијата останале до својата смрт, но абдикацијата на некој од нив не е непозната и се има случувано главно поради нивното заминување во манастирите по мирен живот или поради дипломатски цели.
Секоја држава си имала свој мајстор, а сите биле покорни на Големиот мајстор и го известувал за сè што се случувало во редот на темпларите во нивната држава. Големиот мајстор ги разгледувал плановите и активностите на редот, одлучувал за воените походи во светата земја и источна Европа, склучувал зделки, раководел со средствата и финансиите на редот и одлучувал за подобрување на инфраструктурата во западна Европа. Големиот масјтор ги контролирал сите случувања во редот, но подоцна бил донесен акт со кој се ограничиле неговите функции. По издавањето на папската була, темпларскиот ред заедно со својот Голем мајстор бил одговорен пред Рим.
Вкупно имало 23 Големи мајстори што на таа функција биле од 1118 до 1314 година:
Име Грб На функција 1. Иг де Пајен 60px 1118-1136 2. Робер де Краон 60px 1136-1147 3. Еверар де Бар 60px 1147-1149 4. Бернар де Трамелеј 60px 1149-1153 5. Андре де Монбар 60px 1153-1156 6. Бертран де Бланшфор 60px 1156-1169 7. Филип од Наблус 60px 1169-1171 8. Одо де Сен-Аман 60px 1171-1179 9. Арнолд де Тороха 60px 1181-1184 10. Жерар де Ридфор 60px 1185-1189 11. Робер де Сабле 60px 1191-1193 12. Жилбер Ерај 60px 1193-1200 13. Филип де Плеси 60px 1201-1208 14. Гијом де Шартр 60px 1209-1218 15. Пјер де Монтеги 60px 1218-1232 16. Арман де Перигор 60px 1232-1244 17. Ришар де Бур 60px 1244/5-1247Armand de Périgord was either killed or captured at the battle of La Forbie; authorities differ. Richard de Bures commanded the Templars until the election of Guillame de Sonnac; whether he was Grand Master is disputed. See Armand de Perigord (1178-1247), at www.templiers.org 18. Гијом де Сонак 60px 1247-1250 19. Рено де Вишје 60px 1250-1256 20. Тома Берар 60px 1256-1273 21. Гијом де Боже 60px 1273-1291 22. Теобалд Годен 60px 1291-1292 23. Жак де Молеј 60px 1292-1314 Наводи
Категорија:Темплари Категорија:Голем мајстор