Малото Дедељбешко Езеро е ледничко езероRista Nikolić: "Glacijacija Šar Planine i Koraba“, Beograd, 1912 godina. и едно од 27-те на Шар Планина. Заедно со Големото Дедељбешко Езеро ги сочинуваат Дебељбешките езера кои воедно се и последните езера на шарпланинското јужно било. Се наоѓа на околу 2,000 m надморска висина. Долго е 80, а широко е 30 метри. Длабоко е 2 метриЖивко Стефановски, Напредок Тетово, Шар Планина, стр 59. Водата е загадена и матна. Се наоѓа на карпеста основа во која нема ливади. Езерото нема притоки и не пресушува иако од него истекува вода. Според тоа може да се заклучи дека во езерото се наоѓаат подводни извори.Душан Кривокапиќ: „Шар-Планина“, издание на „Туристичка Штампа“, Белград, 1969 година.
Поврзано Големо Дедељбешко Езеро
Наводи
Категорија:Шарпланински езера