Душко Гошевски — македонски писател, советодавач и правник. По професија е адвокат, даночен стручњак, и службеник во Министерство за финансии - Управа за јавни приходи.

Животопис Душко Гошевски е роден на 11 септември 1983 година, во Валандово, каде завршил основно и средно образование. Потекнува од семејство која се занимава со правна и општествена дејност.

Неговиот татко, Ванчо Гошевски е адвокат и поранешен претседател на Извршен Совет на Општина Валандово во време на СФРЈ. Како дел од тогашното раководство е еден од основачите на Фолк Фест Валандово. Тој е еден од основачите и почесен претседател на Еколошкото друштво „Калинка“ што било основано во Валандово во 1994 година, од група на ентузијасти со единствена цел, заштита и унапредување на животната средина. Еколошкото друштво “Калинка“ е познато по организирање на првиот еко-камп со цел облагородување на околината на манастирот “Св.Ѓорѓе“ во Валандово како и организирање на првиот еко-уличен театар во државата и пошироко.

Душко Гошевски, воден по стапките на својот татко, своето образование го продолжил на Правниот факултет „Јустинијан I“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Покрај со пишување, активно се занимавал и со екологија во рамките на невладините организации.Душко Гошевски, Писателот Варски и други раскази, Скопје: Темплум, 2008. Бил потпретседател на ДЕМ (Движење на екологистите на Македонија) и координатор на повеќе меѓународни проекти.

Во 2018 година, од страна на Собранието на Република Македонија, тој бил избран за носител на јавна функција - Комисионер во Комисијата за хартии од вредност со мандат од 5 години.https://www.sobranie.mk/downloaddocument.aspx?id=f2307e12-a136-4820-907a-520afd6f91e4&t=doc .

Професионална кариера Има долгогодишно искуство во даночна администрација, почнувајќи од пониски референтски и административни работни места, до највисоки раководни позиции меѓу кои: помошник-директор на УЈП, управник на Регионална дирекција, раководител на одделение, претседател на комисија за прекршоци.

Добитник е на Наградата „Св. Матеј“ за професионалност и ефикасност во работата. Бил член на подкомитетот ПТИЦО - (Поткомитет за трговија, индустрија, царина и оданочување), за известување со ЕУ во делот на даноци. Од Собранието на РМ е избран за надворешен комисионер во Комисијата за хартии од вредност со мандат од 5 години (2018-2023 година). Како член на КХВ а во соработка со Македонска берза, АБИТ (Академија за банкарство и информатички технологии) има одржано повеќе предавања на обуки за корпоративни секретари, портфолио менаџери и други програми.https://www.mse.mk/Repository/Obuki/%D0%9F%D1%80%D0%BE%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%B0%20%D0%92%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B0%20%D0%BE%D0%B1%D1%83%D0%BA%D0%B0%20%D0%9A%D0%BE%D1%80%D0%BF%D0%BE%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%BD%D0%B8%20%D1%81%D0%B5%D0%BA%D1%80%D0%B5%D1%82%D0%B0%D1%80%D0%B8.pdf

Душко Гошевски е надворешен соработник/партнер со Адвокатско друштво Константиновиќ и Милошевски и надворешен соработник за даночен консалтинг во Друштво за финансиски консалтинг ПИ ФИНАНС . Работел во делокругот на корпоративното право со посебен фокус на даночно, деловно и трговско право. Тој е соавтор е на публикацијата „70 години даночен систем на Р Македонија и 20 години ден на даночните работници“.

Книжевна кариера Своите први раскази Гошевски ги објавил на почетокот на 2006 година, на својот блог и на разни книжевни интернет портали. Подоцна објавил неколу раскази во списанието „Маргина“ на издавачката куќа Темплум и во збирката електролит на најдобри раскази за 2007 година.

Во 2007 година, со својата збирка раскази под наслов „Писателот Варски и други раскази“, учествувал на конкурсот на издавачката куќа Темплум за најдобра дебитантска проза, при што влегол во најтесниот избор за наградата. Подоцна, оваа збирка била објавена на интернет во електронска форма, под лиценцата на creative commons, како трета електронска книга во Македонија. Збирката раскази побудила голем интерес, така што за една седмица била симната над 2.000 пати.

Во 2008 година, книгата „Писателот Варски и други раскази“ била објавена од издавачката куќа Темплум, во едицијата „КАТАПУЛТ“. Дел од расказите од оваа збирка се преведени на Хрватски и Руски јазик. Преводите се селекција на млади автори објавени од “Матица“ – Хрватска.

„Don’t you FYROM me“ е насловот на Антологијата на македонскиот современ расказ објавена на хрватски јазик во 2009 година, приредена од Ангелина Бановиќ Марковска и Весна Мојсова Чепишевска. Тука биле објавени раскази од неколку воспоставени македонски писатели како Венко Андоновски, Милчо Манчевски, Томислав Османли, Ким Мехмети, Румена Бужаровска и други, како и раскази на младите автори Душко Гошевски, Алекс Букарски и Ирена Цветковиќ.

Стручна книжевност Душко Гошевски е соавтор е на публикацијата „70 години даночен систем на Р Македонија и 20 години ден на даночните работници“, објавена во 2017 година во издание на Управата за јавни приходи.

Наводи

Надворешни врски Личен блог на Душко Гошевски YouTube - Интервју на Телевизија Телма со Душко Гошевски.

Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Валандово Категорија:Родени во 1983 година Категорија:Македонски писатели