мини|Посебната положба на рацете за време на Биркат Хакоханим, ја формира хебрејската буква шин (ש), првата буква од Шадаи Ел Шадај (хебр. אל שדי) е едно од имињата на Бога во јудаизмот. Видете Ел (бог) и Имиња за Бог во јудаизмот. Во превод, името значи „Семоќен Бог седостатен“.

Изразот веројатно значи „Бог на Планината“, и се однесува на месопотамската света планина.Харис, Стивен Л., Understanding the Bible. Palo Alto: Мејфилд. 1985. Ова било едно од патријархалните имиња на племенскиот бог на месопотамцитеХарис, Стивен Л., Understanding the Bible. Palo Alto: Мејфилд. 1985. Во Исход 6:3, се открива дека Ел Шадај е Јехова (Господ).Харис, Стивен Л., Understanding the Bible. Palo Alto: Мејфилд. 1985. Поимот главно се јавува во Тората. Ова може да се однесува и на израелскиот логор на планината Синај каде Господ бил со Мојсеј.

Разни христијански организации го користат овој израз во нивните имиња.

Наводи

Поврзано Шадај — божица

Категорија:Битие (библиска книга) Категорија:Исход (библиска книга) Категорија:Езекил (библиска книга) Категорија:Божества во Хебрејската Библија Категорија:Имиња на Бог