Фудбалската репрезентација на Германија () е една од трите најуспешни фудбалски репрезентации во историјата на фудбалот.

Историја Од 1950 до 1990 постоеле две репрезентации од подрачјето на сегашната земја, Западна Германија која трипати била светски шампион и Источна Германија која немала значајни резултати. Првиот натпревар заедничката репрезентација го одиграла на 13 декември 1990 кога заиграле Матијас Замер и Улф Кирстен. Едно време за репрезентацијата на Германија играле и Австријци и тоа пред Втората светска војна кога државата била припоена кон Третиот Рајх. Во 1954 година во Швајцарија ја освоила титулата првак на светот победувајќи ја во финалето Унгарија, со 3-2, иако претходно губела со 0-2. Унгарија до тој момент изиграла 32 натпревари без пораз што и понатаму претставува светски рекорд. Натпреварот е наречен чудото од Берн (по градот каде што се играло). Фриц Валтер го предводел тимот. Титулата имала големо влијание на духот на нацијата и на економското закрепнување на земјата.

Клупското првенство во сојузно ниво, Бундеслигата, е основано во 1963 година. Во тоа време најпознат германски фудбалер бил Уве Зелтер, еден од почесните четири капитен, покрај Валтер, Бекенбауер и Матеус (сите биле светски прваци). Германците следната титула ја освоила во 1974 година со генерацијата на легендарниот Франц Бекенбауер, Пол Брајтнер и еден од најдобрите голгетери на сите времиња Герд Милер. Германските играчи отсекогаш ги карактеризирала дисциплина и упорност. Токму тие особини придонесуввале за многубројните успеси. За сега последната титула ја освоила во 1990 победувајќи ја Аргентина во Италија. Прваци на Европа биле исто така во три наврати. Титулата често се одлучувала во последното коло. Германските клубови биле шест пати прваци на Европа и безброј пати освојувачи на Купот на Европа и Купот на УЕФА. Клубовите и репрезентацијата на оваат земја често се обвинувани дека не играат привлечно , но уживаат големо почитување и статус во светот на фудбалот.

Стадион

Германија нема национален стадион и натпреварите кои ги игра тимот се одржуваат на различни места во земјата. До сега, стадионите во Берлин биле домаќини на натпреварите. Случајно, Берлин бил домаќин на првиот натпревар на Германија во 1908 година против тимот на Англија. Други поголеми градови во кои Германија игра фудбал се: Хамбург, Штутгарт и Хановер. Вкупно, Германија играла во 39 германски градови.

Прекар Во Германија, тимот најчесто се нарекува „Nationalmannschaft“ (репрезентација) или „Nationalelf“ (националните единаесет), додека во странските медиуми се именувани како „Mannschaft“ или во превод тимот.

Достигнувања Светски првенства ГодинаРундаПозицијаGPПоб.Нер.Изб.GSGA 1930повлечено------- 1934трето место34301118 19381 рунда10201135 1950забранета------- 1954Шампиони165012514 1958четврто место462 2 2 12 14 1962 четврт финале742 1 1 4 2 1966второ2641 1 15 6 1970трето365 0 1 17 10 1974Шампиони17601134 1978Втора рунда661 4 1 10 5 1982второ место273 2 2 12 10 1986второ место273 2 2 8 7 1990Шампиони17520155 1994четврт финале5531197 1998четврт финале7531186 2002второ место2751 1143 2006трето место37511146 Вкупно16/183 титули9255*1918190112

Европски првенства ГодинаРундаGPПоб.Нер.Пор.GSGA 1960не се квалиф.------ 1964не се квалиф.------ 1968не се квалиф.------ 1972Шампиони220051 1976второ место211064 1980Шампиони431063 19841 рунда311122 1988полуфиналисти421163 1992второ место521278 1996Шампиони6420103 20001 рунда301215 20041 рунда302123 2008второ место6402107 2012------Вкупно3 титули38191095539

Конфедерациски куп ГодинаРундаGPПоб.Нер.Пор.GSGA 1992не се квалиф.------ 1995не се квалиф.------ 1997не се квалиф.------ 19991 рунда310226 2001не се квалиф.------ 2003не се квалиф.------ 2005трето место53111511 2009не се квалиф.------ Вкупно2/884131717

Надворешни врски

Страна на Фудбалската репрезентација на Германија Статистики за тимот Победи на Германија Вести за тимот Страница за навивачи на тимот RSSSF архива на резултати RSSSF меѓународни играчи Вести од Светското првенство во 2006 СП во 2006, вести

Германија Категорија:Фудбалот во Германија