Најкорисен играч на НБА ( или скратено NBA MVP) или МВП е годишна награда во НБА лигата која се додеделува секоја сезона почнувајќи од сезоната 1955-1956 на најдобриот играч во регуларниот дел од сезоната. Наградата е наречена „Морис Подолоф трофеј“, именувана по првиот комесар на НБА (од 1946 до 1963 година). До сезоната 1979-1980, МВП играчот бил избран со гласање на НБА играчите, а од сезоната 1980-1981 добитникот на наградата го одлучува панел на спортски новинари и радиодифузери низ САД и Канада.

Секој член на гласачкиот панел бира 5 играчи кој ги рангира од прво до петто место. Секој глас за прво место вреди 10 бода; секое гласање за второто место вреди седум; гласот за трето место вреди пет бода, четвртото место вреди три, а петтото место вреди само еден бод. Почнувајќи од 2010 година, вклучено е и едно гласачко ливче од страна на навивачите преку гласање на интернет. Играчот со најголем број бодови ја освојува наградата. Актуелен носител на наградата е Јанис Адетокунбо од Милвоки Бакс.

Карим Абдул Џабар ја има освоено оваа награда 6 пати, а Бил Расел и Мајкл Џордан се веднаш зад него со по 5 награди. Германецот Дирк Новицки е првиот Европеец кој ја има добиено наградата и заедно со Јанис Адетокунбо се единствените Европејци досега. Покрај нив, од странските играчи само уште Хаким Олајџувон од Нигерија и Стив Неш од Канада ја имаат добиено оваа награда. Досега само двајца руки играчи ја освоиле наградата: Вилт Чемберлен во 1959-1960 и Вес Анселд во 1968-1969.

Победници ^Означува играчи кој се сè уште активни и играат во НБА *Вклучен во Кошаркарската Куќа на славните Означува играч чиј тим го освоил првенството таа годинаИграч (X)Означува број на пати по кој играчот ја добил наградата за МВПТим (X)Означува број на пати по кој играч од тој тим ја добил наградата за МВП

Сезона Играч Позиција Националност Тим * Крилен центар   * Плејмејкер * Центар (2) * (2) Крилен центар (2) * Центар * (2) Центар (3) * (3) Центар (4) * (4) Центар (5) * Плејмејкер * (5) Центар (6) * (2) Центар * (3) Центар (2) * (4) Центар (3) * Центар/Крило * Центар Луи Алсиндор* Центар * (2) Центар (2) * Центар (7) * (3) Центар (3) * Крилен центар * (4) Центар * (5) Центар (2) * Центар * Центар * (6) Центар (3) * Крило (4) * (2) Центар (2) * (3) Центар (5) * Крило (8) * (2) Крило (9) * (3) Крило (10) * Плејмејкер (4) * Бек * (2) Плејмејкер (5) * (3) Плејмејкер (6) * (2) Бек (2) * (3) Бек (3) * Крилен центар * Центар (3) * Центар * (4) Бек (4) * Крилен центар * (5) Бек (5) * (2) Крилен центар (2) * Центар (7) * Бек (6) Крилен центар (2) (2) Крилен центар (3) Крилен центар * Плејмејкер (2) * (2) Плејмејкер (3) Крилен центар Бек (8) ^ Крило ^ (2) Крило (2) ^ Плејмејкер (6) ^ (3) Крило ^ (4) Крило (2) ^ Крило ^ Плејмејкер (2) ^ (2) Плејмејкер (3) ^ Плејмејкер (2) ^ Бек (4) ^ Крилен центар (4) ^ (2) Крилен центар (5) ^ Центар ^ (2) Центар (2)

Повеќекратни добитници Место ИграчТим(ови) Бр.Години1Карим Абдул-Џабар (3) / (3)61971, 1972, 1974, 1976, 1977, 19802Бил Расел51958, 1961, 1962, 1963, 1965Мајкл Џордан1988, 1991, 1992, 1996, 19984Вилт Чемберлен (1) / (3)41960, 1966, 1967, 1968Леброн Џејмс (2) / (2)2009, 2010, 2012, 20136Моузес Малоун (2) / (1)31979, 1982, 1983Лари Берд}1984, 1985, 1986Меџико Џонсон1987, 1989, 19909Боб Петит21956, 1959Карл Малоун1997, 1999Тим Данкан2002, 2003Стив Неш2005, 2006Стефен Кари2015, 2016

Нотес

Наводи

Категорија:Национална кошаркарска асоцијација Категорија:НБА награди