Јакутскиот или познат како сахаски јазик е туркиски јазик од подгрупата на североисточни туркиски јазици. Јазикот го зборуваат околу 460,000 лица во Јакутија, Русија. Народот што го зборува јазикот е познат како Јакути или Сахаци. Јакутскиот јазик е службен јазик во руската република Јакутија покрај федералниот руски јазик.
Класификација
Јакутскиот јазик е дел од подгрупата североисточни туркиски јазици од групата на туркиски јазици. Во таа група, покрај јакутскиот, се и шорскиот, туванскиот и долганскиот јазик. Сите овие јазици, заедно со туркиските јазици, се сметаат за дел од семејството на алтајски јазици, јазично семејство кое е оспорено од голем број јазичари. Како и унгарскиот, финскиот, турскиот и чувашкиот, јакутскиот јазик има хармонија на самогласки, нема граматички род и и е дел од групата на аглутивни јазици. Исто така, заедничка особина со турските јазици е зборовниот ред, што значи речениците во јакутскиот се во следниот редослед: подмет-предмет-глагол.
Распространетост
Јакутскиот јазик претежно се зборува во Јакутија. Исто така има јакутски заедници во Хабаровскиот регион и мала дијаспора во останатите делови на Русија, Турција и останати земји. Јакутскиот јазик е „лингва франка“, покрај рускиот, на различните етнички заедници во Јакутија, како што се Долганци, Евенки, Евени и Јукагири. Така, околу 8% од населението кое не е од јакутско потекло тврдело дека знае јакутски на пописот во Русија во 2002 година.Russian Census 2002. 6. Владение языками (кроме русского) населением отдельных национальностей по республикам, автономной области и автономным округам Российской Федерации (Knowledge of languages other than Russian by the population of republics, autonomous oblast and autonomous districts)
Писмо
Јакутското писмо е засновано на кирилицата. Модерното јакутско писмо е основано во 1939 година во СССР и е засновано на руската азбука, но има плус пет дополнителни букви кои се вметнати поради јакутскиот фонолошки систем.
буква име МФА белешкиА а а Б б бэ В в вэ Се наоѓа во зборови од руско потекло.Г г гэ Ҕ ҕ ҕэ Д д дэ Дь дь дьэ Е е е Се наоѓа во зборови од руско потекло.Ё ё ё Се наоѓа во зборови од руско потекло.Ж ж жэ Се наоѓа во зборови од руско потекло.З з зэ Се наоѓа во зборови од руско потекло.И и и Й й йот Насализацијата на полусамогласката не се означува во правописот.К к ка Л л эл М м эм Н н эн Ҥ ҥ эҥ Нь нь эньэ О о о Ө ө ө П п пэ Р р эр С с эс Һ һ һэ Т т тэ У у у Ү ү ү Ф ф эф Се наоѓа во зборови од руско потекло.Х х ха Ц ц цэ Се наоѓа во зборови од руско потекло.Ч ч че Ш ш ша Се наоѓа во зборови од руско потекло.Щ щ ща Се наоѓа во зборови од руско потекло.Ъ ъ кытаатыннарар бэлиэ Се наоѓа во зборови од руско потекло.Ы ы ы Ь ь сымнатыы бэлиэтэ Се наоѓа во зборови од руско потекло.Э э э Ю ю ю Се наоѓа во зборови од руско потекло.Я я я Се наоѓа во зборови од руско потекло.
Граматика Фонологија Како што веќе наведовме, хармонијата на самогласки е изразита особина на јазикот. Ова значи дека сите самогласки во еден збор мора да се од ист вид, односно било тоа да е преден, заден, среден или кој било друг вид на самогласки.
Самогласки
Самогласките во јакутскиот јазик кратки долги дифтонзизатворениотворенизатворениотворенипреднинезаобленизаобленизаднинезаобленизаоблени
Согласки Согласките во јакутскиот јазик билабијални забни алвеоларни непчани меконепчани глоталниносни експлозивни фрикати апроксимантни вевни
Лични заменки
Јакутскиот јазик има шест лица, односно три во еднина и три во множина. Како и останатите турски јазици, така и јакутскиот нема род.
еднина множина 1. мин (min) биһиги (bihigi) 2. эн (en) эһиги (ehigi) 3. кини (kini) кинилэр (kiniler)
Наводи
Поврзано Североисточни туркиски јазици Јакути Јакутија
Надворешни врски Список на зборови на јакутски јазик Споредба на јакутскиот со монголскиот лексикон Јакутски текстови со руски превод Фонтови и јакутска поддршка за сметачи Јакутско-руски и руско-јакутски речник Јакутско-англиски речник Sakha Open World - јакутско радио Sakha Open World - Орто Дойду - платформа запромовирање на јакутскиот јазик на интернет. Baayaga - вести Kyym.ru - мрежна страница на јакутски весник.
Категорија:Туркиски јазици Категорија:Јазици во Русија Категорија:Аглутинативни јазици