Мадагаскар () е компјутерски анимиран филм продуциран од страна на ДримВоркс, и прикажан во кино салите на 27 мај 2005. Филмот ги следи животите на четири животни во зоолошката градина на Централниот Парк во Њујорк, кои неочекувано се пренесенени со брод во дивината на Африка. Но по патот, контролата на бродот е преземена од четири пингвини кои лошо управувајќи го бродот ги испуштаат животните на островот Мадагаскар. ДВД сетовите за Мадагаскар, заедно со едно кратко видео наречено "Пингвините од Мадагаскар во божиќната лудорија" беа реализирани на 15 ноември 2005. Реализирањето на Блу реј изданијата е најавено за на 16 септември 2008, а продолжението наречено "Мадагаскар: Бегство во Африка" е закажано да се појави во кино салите на 7 ноември 2008.

Наводи

Категорија:Филмови од 2005 година Категорија:Американски цртани филмови Категорија:Анимирани филмови на ДримВоркс Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Комични филмови